Македонија

ВРЕДИ: И понатаму ние сме политичката локомотива на Албанците

Од коалицијата им честитаат на кандидатите на опозицијата, Валбон Лимани и Исен Шабани, за нивната победа“ во Брапчиште и Гостивар.

 

Коалицијата ВАЛЕН во соопштение за медиумите вели дека е апсолутен победник на локалните избори по повторениот круг вчера, со освоени вкупно 10 општини.

ВРЕДИ им честита на кандидатите кои постигнаа победи на повторените избори во Гостивар и Врапчиште.

„Го поздравуваме официјалното завршување на локалниот изборен процес, кој заврши вчера со повторените избори во Гостивар и Врапчиште.

Во оваа пригода, им честитаме на кандидатите на опозицијата, Валбон Лимани и Исен Шабани, за нивната победа“.

„Овие избори јасно докажаа дека Албанците зборуваа со еден глас. Десетте освоени општини се неоспорен доказ дека ВРЕДИ е политичката локомотива на Албанците, силата што води, обединува и носи долгоочекувана промена на локално ниво“.
„ВРЕДИќе продолжи да работи одговорно, за граѓаните и во интерес на Албанците насекаде, трансформирајќи ја оваа доверба во конкретна работа и вистински развој“, велат од Коалицијата. (Телеграфи)

Најнови вести од: Македонија

Санкциониран возач на автобус, кој со неисправни сопирачки возел двојно повеќе деца од дозволеното

Министерството за внатрешни работи објави попладнево дека неговата мобилна единица санкционирала правен субјект, одговорно лице и возач на автобус со кој се врши јавен превоз на патници и во кој се утврдени неисправни сопирачки

(Видео): Потпишан меморандум за соработка меѓу ИНОВА и државните универзитети

Поддршка за иновациите, студентите, старт ап бизнисите, зголемување на конкурентноста на македонските компании. Ова треба да го овозможи соработка меѓу агенцијата ИНОВА и државните универзитети. Целта е поквалитетно високо образование и научна истражувачката дејност и подготовка на кадар кој ќе одговори на современите предизвици.

To top