Македонија

Вреди: Корумпираното раководство на ДУИ, алчно за власт, оди против Рамковниот договор и го блокира законот за правична застапеност!

„Албанците дочекаа Али Ахмети да блокира Закон за правична застапеност и со тоа да урива еден од темелните принципи на Охридскиот рамковен договор, заради алчност за власт!“ – рече на денешната прес-конференција на Вреди портпаролот Дритон Сулејмани.

Натаму Сулејмани, гласноговорникот на Вреди,  истакна: – Нереформираното раководство на ДУИ, во очај поради тоа што Албанците го испратија во опозиција, сега влече потези директно спротивни на интересите на Албанците. Во Мала Речица скроиле опасен план. Сакаат да направат филм дека албанските права се загрозени само затоа што ДУИ не е во Владата. За нив, очигледно, Албанците имаат права само кога тие се на власт и кога нивните луѓе седат во фотелји.

Корумпираното раководство на ДУИ не може да им прости на мнозинството Албанци што ги пратија во опозиција. Па сега решиле да им се одмаздуваат токму ним, блокирајќи закон со кој правичната застапеност треба трајно да се гарантира. Малку им беше што проневеруваа европски пари и што не обезбедија чиста вода за жителите на Зајас и Гостивар. Малку им беа Соравија во Скопје, Дака Давидовиќ во Тетово и сите други матни зделки. Сега посегнаа и по албанската кауза, мислејќи дека ако направат хаос, народот пак ќе ги врати на власт.

Ама тој филм веќе не поминува. ДУИ е прочитана до крај. Народот одамна им ја знае шемата. Зад полната уста патриотизам останаа само обични тендераши, кои се борат за функции, привилегии и шанса повторно да ги полнат сопствените џебови. Албанците еднаш веќе им ја покажаа вратата. Ако продолжат да го блокираат законот и да одат контра Охридскиот договор, ќе останат во опозиција уште многу долго – рече на денешната прес-конференција портпаролот на Вреди Дритон Сулејмани.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top