Македонија

ВРЕДИ: Ние со САД и Европа, Бујар Османи со Лавров и „Отворен Балкан“

Повеќе од јасно е дека или си со Вашингтон и Европа, или си со српскиот свет

Повеќе од јасно е дека или си со Вашингтон и Европа, или си со српскиот свет. Ние во текот на една година имавме непрекинати средби, го продлабочивме соработувањето со амбасадори и меѓународни претставници, остваривме над пет посети на лидерите на ВЛЕН во Вашингтон само во една година и нашиот правец е јасен и недвосмислен, стои во соопштението од ВРЕДИ што го објавуваме интегрално.

Бујар Османи, прашањето е за тебе: кому му ја отвори вратата? Освен вечери со Лавров и подземни српско-црногорски врски, кој од меѓународниот фактор ти ја отвори вратата во изминатата година? Никој.

Лажеше за средбата со поранешниот премиер Никола Груевски, јавно негираше, но денес постојат јасни докази кои те разобличуваат. Лажеше и за твоите контакти со државните лидери на Србија, затоа што се документирани најмалку единаесет средби скриени од јавноста, за кои никогаш не си дал отчет. Лажеше и за влезот на српскиот капитал во телекомуникацискиот сектор, бидејќи токму за време на твојот мандат беше дадена дозвола за компанијата МТЕЛ. А ти беше еден од најгласните поддржувачи на пропаднатиот проект „Отворен Балкан“, иницијатива што му ја отвори вратата на Белград да го прошири своето влијание и ги оштети интересите на Албанците.

Додека ВЛЕН ги зацврстува врските со Вашингтон и со западните партнери, ти го простре црвениот тепих за српскиот свет.

Најнови вести од: Македонија

Несфатлива противречност: Во најновиот нацрт-извештај Вајц вели „нема доволен напредок“, а со резолуцијата на ПССЕ се „признава напредокот на земјата“?! (1)

Советот на Европа, неговото Парламентарно собрание, неговите известувачи за Македонија со сите нивни резолуции и извештаи еднаш ‘поздравуваат и признаваат’, но по неколку седмици силно критикуваат дека ‘не е постигнато ова и она’. Тие првин нагласуваат дека ‘Владата искажува политичка волја и посветеност да ги почитува обврските’, но само по кратко време сега се вели дека ‘нема долгорочна политичка посветеност’. Најновиот нацрт-извештај на Вајц и претходните резолуциски оценки на Парламентарното Собрание на Советот на Европа за ‘има-нема  напредок’ на Македонија се поигрување со евроинтеграциските стремежи на оваа држава и на нејзините граѓани. Овие акти на Советот на Европа се едни со други во несфатлива противречност и тие ја уриваат довербата во оваа клучна европска институција. Најновиот нацрт-извештај на Томас Вајц ги фрла во вода клучните ‘признателни’ и ‘поздравителни’ наводи од резолуцијата од 30 јануари.“ – пишува Свето Тоевски во својата анализа.

Мицкоски за Груби: Не можам да се договарам со човек кој креваше дронови над куќата на сестра ми

Премиерот Христијан Мицкоски остро ги отфрли обвинувањата од опозицијата дека актуелната власт постигнала некаков договор со поранешниот вицепремиер Артан Груби, оценувајќи ги како политички инженеринг без никаква логичка основа и суштина.

Самсунг („Samsung“) ја претстави Galaxy S26 Серијата: Најинтуитивниот Galaxy AI телефон досега

Со моќен хардвер кој беспрекорно работи со водечкиот во индустријата систем на камери и интуитивни искуства со вештачка интелигенција, секојдневните задачи се полесни и побрзи од било кога досега

To top