Македонија

ВРЕДИ: Од ДУИ „врескаат“ зашто автопатот Скопје-Блаце не минува низ нивните земјишта

Обидот автопатот да се направи да служи на индивидуални интереси, а не на интересите на граѓанинета, не успеа

 

Плачењето на ДУИ за автопатот Скопјe-Блаце има само една причина; трасата не поминува низ местото каде што со години се правеле пресметки и се купувало земјиште со надеж за милионски профит од експропријација, обвинува ВРЕДИ.

Што едните не направија за 24 години, другите ветуваат за 24 месеци

„За прв пат, граѓаните победуваат, а не партиските интереси.

Ова е вистинската причина за нивната бучава. Обидот автопатот да се направи да служи на индивидуални интереси, а не на интересите на граѓанинета, не успеа.

Трасата се гради според професионални решенија и во корист на граѓаните, а не според плановите на оние кои мислеа дека ќе се збогатат од овој пат.

Со години, овој стратешки проект беше одложуван и остана заложник на тесните интереси. Денес, кога конечно се движи напред, корисниците нема да бидат привилегирани поединци, туку граѓаните, бизнисите, економијата и стратешкиот однос со Косово.

Автопатот Скопјe-Блаце е еден од проектите што ја докажува разликата помеѓу оние кои зборуваа за развој и оние кои го спроведуваат во пракса.

Автопатот Скопјe-Блаце е најдобар доказ за разликата помеѓу двата политички пристапи: 24 години „Неисполнети ветувања и 24 месеци посветеност што го водат проектот кон завршување“, велат од ВРЕДИ.

Најнови вести од: Македонија

Минчев: Крај на неоправданото ширење на државниот апарат: дирекции и комисии постоеа сами за себе, трошеа народни пари, а не одговараа пред никого!

„Повеќе од 20 години јавната администрација беше свесно распарчувана и претворана во мозаик од институционални феуди. Секоја политичка криза, секој партиски договор во минатото, се плаќаше со создавање нови агенции, паралелни дирекции и непотребни комисии, кои постоеа сами за себе, трошеа народни пари, а не одговараа пред никого. Граѓаните и стопанството со години беа туркани во лавиринти од преклопени надлежности, каде што секој орган креваше раменици, а никој не ја преземаше одговорноста за лошите резултати” – предупреди министерот за јавна администрација Горан Минчев на јавна стручна дискусија во Скопје.

Градоначалникот на Аеродром Митески објави несовесна граѓанка како создава незаконска депонија, оставајќи стар мебел до контејнери

„Ова не е невнимание. Ова е неодговорност! Среде бел ден, на само неколку метри од контејнерите, се остава стар мебел и се создава нова дива депонија.“ – истакна на својот фејсбук-профил градоначалникот на Аеродром Дејан Митески, објавувајќи и фотографии на граѓанка од Аеродром, која други граѓани ја затекнале како остава стар мебел во близина на контејнери за смет, па потоа ја пријавиле.

ВМРО ДПМНЕ: Дипломатската способност на СДС и Филипче ја паметиме по домат дипломатијата, руските пранкери и лажниот принц, со кого Заев имаше средба

„Се јавија од партијата, чиј поранешен претседател и духовен гуру на Филипче, Заев, имаше средба со Стефан Чернетиќ од Торонто, кој лажно се претставувал како принц на Македонија и Црна Гора. Толку од дипломатската способност на Заев и Филипче.“ – истакнува ВМРО ДПМНЕ во своето соопштение.

Клековски денеска се вакцинира против сезонски грип: Ги повикувам граѓаните да се пријават час поскоро за бесплатната вакцинација

„Вакцинацијата против сезонски грип е најдобра и најефикасна мерка за спречување на ова заболување. Токму затоа денеска со личен пример укажав на важноста од навремената заштита на здравјето, посебно кај оние групи на население, кои се изложени на опасност. Вакцинацијата докажано спречува појава на потешки форми, компликации и смртен исход од сезонскиот грип.“ – нагласи министерот за здравство Сашо Клековски.

To top