Македонија

ВРЕДИ: Османи спроведувал сомнителни тендери за самитот на ОБСЕ во Скопје

Од коалицијата се повикуваат на Извештајот на Државниот завод за ревизија

 

Коалицијата ВРЕДИ денес го обвини поранешниот министер за надворешни работи, Бујар Османи, за спроведување сомнителни тендери во врска со организацијата на самитот на ОБСЕ во 2023 година.

Од коалицијата се повикуваат на Извештајот на Државниот завод за ревизија кој го потврди она што граѓаните го знаат долго време.

Имено, дека Министерството за надворешни работи, во време кога Бујар Османи бил министер, спроведувало нелегални тендери во врска со организацијата на самитот на ОБСЕ во 2023 година.

„Според ревизорскиот извештај

– Над 120 милиони денари биле потрошени без јасни податоци;

– Нема документација за тоа што точно е испорачано, инсталирано или оставено како трајна опрема во салата Борис Трајковски;

– Јавните договори и набавките се спроведувале без транспарентност и со сериозни законски недостатоци, потстуваат о ВРЕДИ.

„Ова е уште една потврда дека Бујар Османи, каде и да оди, остава зад себе сомнителни и криминални тендери!

Ова не е изолиран случај, исто Бујар Османи беше осомничен за сомнителни набавки кога беше министер за здравство во владата на Никола Груевски.

Од ВРЕДИ додаваат дека граѓаните на Чаир добро знаат две работи за Бујар Османи:

Прво, тој никогаш не направил ништо за Чаир, ниту еден проект, ниту една инвестиција, ниту една иницијатива.

Второ, секој пат кога бил на функција, бил поврзан со скандали, сомнителни тендери и злоупотреба на јавни средства“, обвинуваат од ВРЕДИ, пренесе Телеграфи

 

Најнови вести од: Македонија

„Србите се обидоа да го отрујат албанскиот амбасадор во Скопје, во израелската амбасада!“ – „бомба“ на Карамучо, за кого РМ е „картон-држава“, што „паѓа за 24 часа без Албанците“!

„БОМБА на Карамучо: Србите сакаа да го отрујат нашиот амбасадор во Скопје, внатре во израелската амбасада!“ – оваа вест вечерва, на 9 април 2026 година веднаш ја пренесоа  информативната агенција на Илирија-ИНА и голем број други медиуми на албански јазик во Македонија. Станува збор за изјава на д-р Артан Карамучо, професор по криминологија во Правниот факултет на државниот Универзитет во Тирана. Не е именуван дипломатот, за кого се изнесени овие свои бомбастични и сѐ уште непотврдени сознанија, но останува да се претпоставува: дали се работи за Денион Мејдани, моментниот албански амбасадор во Скопје? До овој момент нема прецизирање кога се случил наводниот „обид за труење“ на албанскиот амбасадор во Скопје. Карамучо, пак, завчера, на 8 април, за „Еуроњуз“ даде уште една, своја овојпат скандалозна изјава за Република Македонија, нарекувајќи ја како „држава од картон“, со тврдење дека „ќе падне за 24 часа без Албанците“!

Николоски: Македонија да ѝ се приклучи на иницијативата „Три мориња“ заради геостратешкиот интерес

Јасни се новите геополитички текови во светот и треба да бидеме паметни, нашата дипломатија да ја фати иницијативата „Три мориња” на нејзиниот зародок како геостратешки интерес на државата, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на панел-дискусијата „Транспортни коридори – геостратешки предуслов за економски просперитет и безбедносна архитектура во Југоисточна Европа – иницијатива 3 мориња”, што се одржа во Стопанската комора

To top