Македонија

Вреди: Судијата Ристов беше дел и од судските одлуки, што го отворија патот за слобода за Сашо Мијалков

Веста дека кај судијата Ѓоко Ристов се најдени 350 илјади евра, пари осомничени за корупција, не е само индивидуален скандал. Оваа вест ја уништува дури и последната доверба што граѓаните ја имаа во правосудниот систем, се вели во соопштението на „Вреди“ од денешната прес-конференцијата на нивниот портпарол Дритон Сулејмани.

„Вреди“ е убедена дека ова не е изолиран случај, туку врв на ледениот брег на еден скапан систем, кој со години ги штити силните, а ги угнетува обичните граѓани. Она што ја прави ситуацијата уште поалармантна е фактот дека Ѓоко Ристов не е непознато име за правдата. Напротив. Тој, заедно со судијата Енвер Беџети, сега прогласен за нон грата, беше дел и од судските одлуки што го отворија патот за слобода за Сашо Мијалков, симболот на заробената држава, кој денес слободно вози „ферари“ во Монако.Потсетуваме дека Енвер Беџети беше санкциониран како нон грата заедно со бегалецот од правдата, исто така нон грата – Артан Груби, токму врз основа на сомневања дека влијаеле врз одлуките што му овозможиле на Сашо Мијалков да ужива во слободата и да го троши своето богатство. Ако некој мисли дека ова се случајности, тогаш не разбира зошто граѓаните се револтирани.

Вреди денеска се огласи со следните прашања: – Во колку други случаи биле вклучени Ѓоко Ристов и Енвер Беџети? – Во колку случаи биле дел од одлуки за притвор, финансиски гаранции или одложувања на постапките? – Кои конкретни одлуки доведоа до ослободителни пресуди и избегнување одговорност за моќници? – Главното прашање што останува е кој ги држел овие луѓе на овие позиции толку години и зошто?

„Вреди“ е свесна дека работата што претстои е огромна. Но за едно нешто не може да се преговара: целосни и независни истраги. Конкретна одговорност, со имиња и презимиња. И радикално чистење на систем скапан до срж. – истакнува оваа коалиција во своето денешно истапување во јавноста.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): За шверцот на марихуана во Србија ќе одговараат сите инволвирани

Ќе мораме како јавност да имаме разбирање дека можеби е еден од најголемите кривично-правни процеси коишто ќе треба да бидат сработени од страна на Министерството за внатрешни работи заедно во соработка, особено со Финансовата полиција, Управата за финансиско разузнавање, Царина и Јавното обвинителство, рече Тошковски.

Петрушевски: Паника и хистерија во СДС, кој ќе седне на обвинителна клупа по сведочењето на Груби?!

Осврнувајќи се на темата за поранешниот вицепремиер Артан Груби во владата на СДС, пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Бране Петрушевски истакна во емисијата „Анализа“ на ТВ 24 дека би требало институциите независно да постапуваат во тој случај. Според него, опозициската СДС стравува од тоа што би изнел Груби пред обвинителството и кој би седнал до него на обвинителната клупа, ако она што тој го изнел иницира поширока одговорност за можни злоупотреби во рамки на поранешната влада.

Нова трагедија со паѓање од балкон овојпат на 10-годишно дете во Тетово

„Денеска, на 3.03.2026 година околу 9 часот во СВР Тетово било пријавено дека во Клиничка болница Тетово било донесено починато 10-годишно момче од Тетово. Според пријавеното, детето кое било со здравствени проблеми паднало од тераса од станот во кој живеело во Тетово. Животот го изгубило по паѓањето од балконот.“ – соопшти денес тетовска полиција.

To top