Македонија

ВРЕДИ: Во ДУИ не знаат како да се постават за „случајот Груби“

Некои стравуваат дека Груби ќе проговори. Други пресметуваат кого може да повлече со себе

Во ДУИ веќе не можат да ја сокријат нервозата. Дури и луѓе од нивните редови јавно признаваат дека партијата функционира како политбиро. Тесен круг крои приказни, дели улоги и очајно се обидува да создаде впечаток дека сè е под контрола. Но, работата одамна им е излезена од контрола, соопштуваат од ВРЕДИ.

„Еднаш не сакаат ни името да му го спомнат, потоа велат дека против Артан Груби нема докази.

Али Ахмети, пак, демек му кажал да одговара ако ја злоупотребил неговата доверба, а веднаш потоа да рече дека „првото нешто“ е Груби да биде ослободен од куќен притвор.

Па добро, која приказна сега важи? – прашуваат од ВРЕДИ и додаваат дека „на Ахмети очигледно не му излегува есапот.

Ако застане зад Груби, го презема политичкиот товар од сè што може да излезе во судницата. Ако го пушти низ вода, ризикува „црната кутија“ да се отвори и да проговори за сè што со години се случувало во врвот на ДУИ.

Според ВРЕДИ затоа нервозата растeла. „Едни се плашат дека Груби ќе прозбори. Други пресметуваат кого може да повлече со себе. Трети веќе гледаат кој ќе биде фрлен курбан за да се спаси врвот.

И додека Ахмети се заплеткува во сопствените приказни, Бујар Османи и натаму чека во низок старт“, велат од ВРЕДИ и додавааат:

„Во случајот на Груби ќе одлучат институциите кои до вчера ги пцуеше ДУИ. Но лицемерната ДУИ ги прифаќа само кога ќе одлучат во нејзина полза. Нека престанат да се преправаат и нека кажат која од нивните приказни вреди“, објави Телеграфи

Најнови вести од: Македонија

Обвинителката која 5 години без докази го прогонува Жан Митрев ветува рационализација на предмети за да стане шефица на организиран криминал

Во правосудните кругови се шпекулира дека Хаџи Василева има поддршка од една обвинителка која е блиска на кругови блиски на кланот Заеви и дека во гласањето на обвинителите ќе бидат ангажирани мрежите на Зоран Заев во правосудството и нивните бизнис партнери

To top