Македонија

За бугарското МНР потпалувањето возила близу бугарската амбасада е „напад врз Бугарија и Бугарите“ и „последица на агресивниот политички говор и омразата во РСМ“?!

„На 15 јуни 2026 година напладне непознато лице запали два од дипломатските автомобили на Амбасадата на Бугарија во Скопјe, лоцирани пред официјалниот влез на мисијата. Овој последен напад врз Бугарија и Бугарите е резултат на агресивен политички говор, кој поттикнува омраза и недостаток на соодветен одговор од страна на институциите во претходни слични значајни случаи, кои создаваат чувство на неказнивост за сторителите. Потсетуваме дека по последниот палеж во С.Македонија врз Бугарскиот културен клуб во градот Битола, наместо да добие соодветна казна, палежот беше хероизиран и беше вклучен во предизборна политичка кампања.“ – тврди Министерството за надворешни работи на Бугарија во своето денешно соопштение, кое го пренесе бугарската информативна агенција БГНЕС.

Натаму во соопштението се наведува: „Министерството за надворешни работи на Република Бугарија најостро го осудува овој демонстративен чин на агресија, кој ги загрозува здравјето и животите на вработените во нашата Амбасада во Скопјe.“

„Без навремена интервенција на бугарскиот конзул со апарат за гаснење пожар, штетата од ова намерно палење можеше да биде значително поголема. Инсистираме на брза правда во случајот.

„Бугарската држава ќе продолжи да ги користи сите воспоставени механизми за да се спротивстави на обидите за создавање атмосфера на страв кај Бугарите во С.Македонија.“ – пренесе БГНЕС.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Потврда од Брисел дека сме први во спроведување на реформите, продолжуваме со несмалена динамика

Премиерот Христијан Мицкоски денеска имал состанок преку интернет со директорот на Директоратот за соседство и проширување на Европската комисија Герт Јан Копман: се разговарало за законите и реформските чекори, што треба да ги преземе Република Македонија до декември годинава во рамките на евроинтеграцискиот процес.

Претседателките на Македонија и Индија на свечено откривање спомен биста на Махатма Ганди

Откривањето на споменикот на овој духовен водач на индиската борба за независност претставува траен симбол на вредностите што ги обединуваат народите и поттик за натамошно зајакнување на пријателството меѓу Македонија и Индија

Повеќе пари за земјоделците, за учениците и студентите, за здравствената заштита, спортот

Министерството за финансии соопшти дека во дополнетиот ребаланс се вградени амандманите усвоени по комисиската расправа во Собранието, а предлогот ќе биде доставен до пратениците на усвојување

To top