Македонија

За да ја одбрани мајката, синот го заклал татко си

52-годишниот Е.Л., кој бил под дејство на алкохол, физички ја нападнал својата 54-годишна сопруга

 

Триесет и едногодишен скопјанец е лишен од слобода под сомнение дека со нож го усмртил својот татко по семеен инцидент што се случил синоќа во Скопје, информира Министерството за внатрешни работи.

Според информациите, настанот се случил околу 22:35 часот во семејниот дом на подрачјето на Бит Пазар.

Според пријавеното, 52-годишниот Е.Л., кој бил под дејство на алкохол, физички ја нападнал својата 54-годишна сопруга.

По нападот, нивниот 31-годишен син Б.Џ. со нож му нанел повеќе убодни рани на таткото, од кои тој починал.

Полициски службеници од СВР Скопје околу 23 часот го лишиле од слобода осомничениот, додека повредената жена била пренесена во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ за укажување лекарска помош.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција. По целосното документирање на случајот, против осомничениот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Според информациите, , син го заклал својот татко. При интервенција на Итната медицинска помош било неуспешно да го спасат. објави Скопје1.мк

Најнови вести од: Македонија

Почина Волф Ошлис, амбасадорот на македонската кауза: Ако Европа ја изгуби Македонија, ќе се изгуби и себеси!

На 30 август 2026 година германските научни платформи објавија потврдена вест, која е повеќе од тажна за македонскиот народ и Република Македонија: уште на 18 август 2026 година почина професор доктор Волф Ошлис, германскиот и европски македонист со непроценливо значење на неговиот политичко-јазичен македонистички ангажман за македонскиот народ и јазик, за одбраната на националната, идентитетска, јазична, културна и историска засебност и самобитност на Македонците наспроти сите нивни негирања како народ. Неговата реченица: „Нема ништо полесно отколку да бидеш пријател на Македонија. Јас сум тоа од 1975 година…“ ја одразува неговата длабока професионална, но и лична, чувствена врска со македонската кауза, со Македонците и Македонија

Легендарниот македонски војвода Александар Турунџе пред да си стави јамка на вратот на 30.8.1905: Македонија ќе биде слободна!

„Личната трагедија на македонскиот револуционер, ајдутин, четник и војвода Александар Турунџев, кој е предаден на турските власти за 150 златници од свој сонародник, по што бил обесен на Ат-Пазар во Битола на 30 август 1905 година, освен што е симбол на она што многу често провејува низ македонската историја – предавството, многу повеќе е национален херој и симбол на борбата за слобода на македонскиот народ.Погубувањето на Турунџев се одвивало пред бројни сведоци, меѓу кои и неговата сопруга и нивните две малолетни деца, ќерка и син, кои биле принудени немо да го гледаат испуштањето на последниот здив на својот татко.“ – објави Македонската информативна агенција – МИА.

Штип е без вода: Филтер станицата исклучена, поради крајно големата заматеност од синоќешното невреме

Градот Штип од 14 часот е без вода за пиење. Филтер станицата се исклучи од цевководот на хидросистемот „Злетовица“ поради големата заматеност на водата која пристигнува од браната Кнежево, информираше на вонредната прес-конференција директорот на ЈП Исар Штип Александар Арсовски.

ЗНАМ го осудува глорифицирањето на воените злосторства

Движењето ЗНАМ најостро ги осудува воените злосторства случени на поранешните југословенски простори, вклучувајќи ги и хашките случаи во Македонија од 2001г., и секој обид за нивна глорификација, релативизација или оправдување

To top