Македонија

За два дена ограбени две цркви во скопско!

Непознати сторители во периодот меѓу 18 и 19 мај, упаднале во дворен објект на црква во селото Сопиште. Со насилно отворање и користење на погоден алат, од објектот се одземени повеќе предмети, меѓу кои и црковното ѕвоно – симболот на духовниот повик, кој со години ги повикуваше верниците в црква. Само еден ден подоцна, на […]

Непознати сторители во периодот меѓу 18 и 19 мај, упаднале во дворен објект на црква во селото Сопиште. Со насилно отворање и користење на погоден алат, од објектот се одземени повеќе предмети, меѓу кои и црковното ѕвоно – симболот на духовниот повик, кој со години ги повикуваше верниците в црква.

Само еден ден подоцна, на 20 мај, уште една кражба била пријавена – овојпат од црква во централното градско подрачје на Скопје.

Пријавата во полиција стигнала во 10 часот, а според информациите, кражбата се случила на 18 мај во попладневните часови, помеѓу 17 и 17:45 часот. И во овој случај, крадците употребиле сила и алатки за да влезат во објект во кругот на црквата, од каде одзеле вреден предмет, за кој не се наведува што точно е украдено.

Во двата случаи, СВР Скопје соопшти дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случаите и пронаоѓање на сторителите. Од полицијата не откриваат дали двете кражби се поврзани, но временската и методската сличност отвора сомнеж дека станува збор за организирана група која целно ги избира црковните објекти.

Најнови вести од: Македонија

Пијанистот Андреј Цековски (11) блесна во Њујорк: златен медал на престижен меѓународен натпревар!

Њујорк беше сцена на уште еден голем успех на младиот македонски пијанист Андреј Цековски. На само 11 години тој го освои првото место на меѓународниот натпревар „International Youth Music Competitions“. Признанието го прими на свечениот концерт на победниците. Ова го објави „Скопје1.мк’.

Утре започнува четвртото издание на „Taste the South“ на нова локација во Гевгелија

Утре, 11 септември, во Гевгелија започнува четвртото издание на гастрономско- музичкиот фестивал „Taste the South“. Во текот на три фестивалски дена, посетителите ќе имаат можност да уживаат во традиционални вкусови, локални гастрономски производи, вина, музика и програма наменета за сите генерации

(Видео): Нула денари од Буџетот за прославата за независноста, за разлика од 8,2 милиони евра „во воздух“ кај Груби и Бајрами, велат од Владата

На Државна лотарија ѝ било укажано да обезбеди средства од нераспределената добивка предвидена за 2024 година во висина од 300 милиони денари за спонзорирање на настаните како и да објави јавен повик за прибирање на понуди за реализација на спонзорираните настани.

Клековски: Западнонилската треска стивнува, на Клиниката за инфективни болести сe згрижени шест пациенти

Министерот за здравство Сашо Клековски вели дека епидемијата на западнонилската треска стивнува, за што говорат податоците дека во последните две седмици има по два нови случаја, а и на Клиниката за инфективни болести моментно се згрижени шест пациенти, од кои само двајца се во потешка состојба.

Најнови вести

To top