Македонија

За две години отплатени 2,31 милијарди евра главнина од државниот долг

Тоа е речиси три пати повеќе споредено со 806 милиони евра што во истиот период од мандатот на претходната влада на СДСМ и ДУИ.

Пратеникот Бојан Стојаноски, на социјалните мрежи сподели информавија дека Владата во првите 2 години од мандатот отплатила 2,31 милијарди евра главнина од државниот долг.

Тој вели дека тоа е речиси три пати повеќе споредено со 806 милиони евра што во истиот период од мандатот на претходната влада на СДСМ и ДУИ.

Во објава на Фејсбук, Стојаноски наведува дека разликата изнесува 187%, односно дека сегашната влада насочила 2,87 пати повеќе средства за отплата на доспеаната главнина.

Важно е да се напомене дека средствата што ги исплаќа оваа влада се без исклучок земени  во мандатот на претходната влада.
Одговорното управување со јавните финансии значи обврските да се сервисираат навреме, а истовремено да се обезбедат средства за функционирање на државата, инвестиции и развој.
Бројките најдобро ја покажуваат тежината на обврските што државата ги сервисира“, констатира Стојановски. .

 

Најнови вести од: Македонија

Минчев: Крај на неоправданото ширење на државниот апарат: дирекции и комисии постоеа сами за себе, трошеа народни пари, а не одговараа пред никого!

„Повеќе од 20 години јавната администрација беше свесно распарчувана и претворана во мозаик од институционални феуди. Секоја политичка криза, секој партиски договор во минатото, се плаќаше со создавање нови агенции, паралелни дирекции и непотребни комисии, кои постоеа сами за себе, трошеа народни пари, а не одговараа пред никого. Граѓаните и стопанството со години беа туркани во лавиринти од преклопени надлежности, каде што секој орган креваше раменици, а никој не ја преземаше одговорноста за лошите резултати” – предупреди министерот за јавна администрација Горан Минчев на јавна стручна дискусија во Скопје.

To top