Македонија

За еден час разграбани 2.000 табли “гага” јајца (ВИДЕО)

Мморала да интервенира и полицијата, за да спречи евентуално стампедо и повреди кај граѓаните

 

Хманитарна велигденска акција, на која волонтери за еден час бесплатно поделиле околу две илјади табли со јајца и кесички со црвена боја, предизвика голем метеж во во дворот на црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Велес.

Порталот „СДК.МК“ јави дека во еден момент, поради големо безредие, морала да интервенира и полицијата, за да спречи евентуално стампедо и повреди кај граѓаните.

Некои од присутните земале и по две-три табли со објаснување дека ги земаат за болни роднини или за соседи кои не можеле да дојдат.

Акцијата е идеја на велешани кои живат и работат во САД, односно на сопственици на компанијата „Шилер“ чија дејност е камионски превоз на стока, а кои трета година по ред бесплатно делат табли јајца во Велес.

 

Најнови вести од: Македонија

Конспиративни теории за абортусот во судирот меѓу Јас сум жена и Мрежата за заштита од дискриминација

Мрежата за заштита од дискриминација која во јавноста се смета за блиска на екс министерка за труд и социјала во владата на Зоран Заев, шпекулира во јавноста со Теории на заговор

To top