Македонија

За еден месец сите Македонци на влез во ЕУ ќе се сликаат и ќе оставаат отпечатоци од прсти

Ова е различен систем од ЕТИАС кој што ќе мора да се плаќа

Од 12 октомври сите македонски граѓани при влез во земјите – членки согласно новиот систем за влез и излез во ЕУ (ЕЕС) на граничните премини или на аеродромите ќе мораат да се фотографираат и да остават отпечатоци од прсти.

По евиденција во системот, според најавите при секое идно патување само ќе се евидентираат податоците, а печатите во пасошите ќе станат минато. Од Делегацијата на ЕУ во земјава на брифинг со новинарите посочија дека не очекуваат проблеми на аеродромите, туку на копнените гранични премини каде велат дека е можно да се создаваат дополнителни застои.

Според најавите, доколку некој од Македонија патува во Грција или Бугарија кои се земји-членки на Унијата, ќе мора да излезе од возилото и на самата граница да се фотографира и да остави отпечатоци од прстите за да влезе во системот. Од таму велат дека Грција до сега најавила дека ќе започне со спроведување веднаш, односно од 12 октомври, за што веќе и започнале со подоготвка на инфраструктурата на сите гранични премини. Бугарија пак, процесот кон Македонија ќе го спроведува од истата дата, но само на граничниот премин Деве Баир, а од Делчево и Ново Село кон крајот на годината. Целта на новиот систем како што соопшти евромабасадорот во земјава Михалис Рокас е, пред се, да се зајакне безбедноста на Унијата.

ADVERTISING

-Постепено, кога граѓаните на трети земји ќе влегуваат во ЕУ ќе треба еднаш да ги регистрираат нивните биометриски податоци, тоа значи да се дадат отпечатоци и да се фотографираат. Откако тоа ќе се направи, при следниот влез и понатаму, тоа би било по лесно. На пример кога поминувате низ аеродроми ќе можете да ги користите автоматските порти што би било побрз начин за патување во границите на ЕУ.

Новиот систем кој Унијата треба да го спроведе до април идната година според најавите ќе се применува постепено, по што ќе се воведе на сите влезни точки од Шенген зоната.

Првите триесет дена ќе бидат опфатени само 10 проценти од патниците, а до април тоа ќе важи за сите. Од мерката ослободени се децата до 12 години.

Од Делегацијата на ЕУ во земјава нагласија и дека важно е да се напомене дека системот за влез и излез (ЕЕС) е сосема различен од ЕТИАС чија примена треба да започне од втората половина на идната година. Станува збор два различни системи кои се комплементарни еден на друг и ќе функционираат паралелно.

Со ЕТИАС кој пак е систем за претходна проверка се предвидува он-лајн апликација и такса од 20 евра која ќе важи три години.

Најнови вести од: Македонија

Мирис на свадбарски купус, домашни специјалитети и есенска дружба: Утре „Есенско пазарче“ во Ново Село, Кумановско

Утре, 25 октомври, во Туршијара „Суперкиз“ во Ново Село посетителите ги очекуваат традиционални вкусови, настап на фолклорниот ансамбл „СРМА“, детски активности и работилница за компост. Пазарчето започнува во 10:30 часот.

Милошоски: Македонија е добро позиционирана и кон САД, но и кон ЕУ

Македонија може да води избалансирана и стратешки усогласена надворешна политика, која ќе овозможи истовремено продлабочување на стратешкото партнерство со САД преку дијалогот за стратешко партнерство како и зајакнување на политичките и економските врски со европските партнери

Граѓани бараат враќање на сонцето од Кутлеш на споменикот „Судени за Македонија“

Сонцето од Кутлеш од споменикот беше избрусено во ноември 2022 година, четири години по потпишувањето на Преспанскиот договор кога Македонија презеде обврска дека ќе ја спроведе забраната за употреба на 16-кракото сонце

Сиљановска-Давкова во Будимпешта: Унгарската револуција е траен симбол на борбата за слобода и достоинство

На средбата со унгарскиот колега, Андреш Бака, Сиљановска-Давкова се заблагодарила за принципиелната и гласна поддршка од Унгарија на македонските евроинтеграции и нејзиниот активен ангажман во рамките на „Вишеградската група“

To top