Македонија

За неколку месеци паѓаат роаминг трошоците на Македонците кон членките на ЕУ

Десетици милиони евра заштеда за граѓаните, компаниите и институциите

За неколку месеци односно на почетокот на идната година Македонија нема да плаќа роаминг со членките на ЕУ.

Ова е најавата која што доаѓа од Брисел каде министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски разговарал и на оваа тема со претставници на Европската Унија.

,,Денес во Брисел се сретнав со Герт Јан Купман, генерален директор за проширување и соседство во Европската комисија.

Разговаравме за постепеното укинување на трошоците за роаминг помеѓу Западен Балкон и ЕУ – одлуката се очекува почетокот на следната година”, објави Муцунски вечерва.

Македонскиот министер на домаќинот во Брисел му ја потврдил посветеноста на Владата на реформите и поддршката од ЕУ преку Планот за раст.

Во Брисел Муцунски порачал дека членството во ЕУ останува клучен стратешки приоритет на македонската  надворешната политика.

Укинувањето на роаминг за телефонски разговори и интернет со земјите членки на ЕУ може да заштеди десетици милиони евра за македонските граѓани, компании и институции.

Најнови вести од: Македонија

Николоски: Македонија да ѝ се приклучи на иницијативата „Три мориња“ заради геостратешкиот интерес

Јасни се новите геополитички текови во светот и треба да бидеме паметни, нашата дипломатија да ја фати иницијативата „Три мориња” на нејзиниот зародок како геостратешки интерес на државата, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на панел-дискусијата „Транспортни коридори – геостратешки предуслов за економски просперитет и безбедносна архитектура во Југоисточна Европа – иницијатива 3 мориња”, што се одржа во Стопанската комора

Судење за „Пулс“: Инспекторка утврдила нова фирма, но не направила нова контрола поради „немање влијание врз животната средина“

На денешното судско рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани сведочеше инспекторка за животна средина во Општина Кочани, која истакна дека во 2022 година утврдила оти објектот работи под друго правно лице, но не извршила повторен надзор бидејќи сметала дека станува збор за субјекти што немаат влијание врз животната средина

To top