Македонија

За почеток опомени и едукација за пушачите по 1 март

Најпрво ќе одиме со мека примена на законот што ќе значи на почеток опомени, едукација, рамо до рамо работа во правец на исполнување на условите создавање јавни простори без чад, вели, Никола Грбчевски од Министерството за здравство

 

Државниот советник Никола Грбчевски од Министерството за здравство во гостување на ТВ21 рече дека евентуалното одложување на примената на законот не би го нарекол ретерирање, туку фазна имплементација зашто во дијалог со јавноста и со бизнис заедницата одлучиле да одат со мека имплементација, која на почеток ќе значи опомени и едукација.

„ Во дијалог со јавноста и со бизнис заедницата ќе одиме со мека примена на законот што ќе значи на почеток опомени, едукација, рамо до рамо работа во правец на исполнување на условите создавање јавни простори без чад. Дали законот ќе биде донесен до 1 март, зависи од многу фактори. Водиме институционална дискусија, добиваме фидбек од сите засегнати во имплементацијата. Ставот на Министерството е дека законот треба да биде донесен што е можно поскоро, но имплементацијата би одела фазно – односно прво би се изрекувале опомени, па потоа казни. Се соочуваме со голем проблем, речиси пола држава пуши, има фрапантен тренд кај младите за пушење, и тоа сакаме да го спречиме“, вели Грбчевски и додаде дека сѐ уште траат разговорите со сите засегнати страни.

Тој објасни дека со новиот закон ќе биде забрането пушење на класични цигари, електронски цигари и користење уреди со загреан тутун во сите јавни и затворени простории.

Вели дека согласно европските стандарди, веќе забраните се изнесуваат и надвор на отворен простор, односно се ограничува пушењето и на отворен простор.

„Нема да смее да се пуши ниту во приватен автомобил доколку во него има дете. Пред влезовите на училиштата и градинките нема да смее да се пуши, туку ќе мора да има одредена дистанца, а колкава ќе биде таа, оставаме на совеста на граѓаните. На игралиштата каде што играат деца ќе биде забрането, за децата да не бидат изложени, односно да не гледаат како се пуши“.

Во однос на тоа колкав период ќе траат фазите за прилагодување кон законските измени, тој рече дека и тоа е нешто што сега се усогласува.

„Дали ќе бидат 6 месеци, дали ќе бидат 8 месеци, дали ќе бидат 3 месеци, не можам да кажам, тоа ќе зависи како ќе одлучи оперативната работна група“, вели Грбчевски.

Најнови вести од: Македонија

Онлајн купувачи се жалат на проблеми при пазарењето, најчесто за бавна испорака

Бавната испорака е најчестиот проблем на е-купувачите. Повеќе од една третина (35,4%) од онлајн купувачите во ЕУ пријавиле проблеми при купување преку веб-страница или апликација, покажува истражувањето на Евростат од 2025 година за користење на информатичко-комуникациски технологии. Во Македонија, проблем при е-шопинг имале 29,41 отсто од купувачите.

Над 400 милиони денари само лани вложени во инфраструктура во Битола

Во тек се 10-ина нови проекти (реконструкција на улици и патишта, изградба на нови, комунална инфраструктура, спортски игралишта). Коњановски најави дека со почнувањето на градежната сезона ќе има многу работа во оваа календарска година, во која благодарение и на соработката со Владата веќе се склучени договори.

Димитриевски: „Да“ за Европа, но европски пат со заштита за македонскиот идентитет и без отстапки кон Бугарија!

Лидерот на ЗНАМ предлага парламент со 90 пратеници како дел од пошироки изборни реформи. Истовремено бара заштита на македонскиот идентитет и европски пат без отстапки кон Бугарија.

To top