Македонија

Забраната за управување возило ќе се активира со смс и е-маил, без впишување во дозволата – Досега над 3 илјади забрани!

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста за законските измени во управната постапка поврзана со возачките дозволи и начинот на извршување на прекршочната санкција „забрана за управување со моторно возило“, изречена со правосилни судски пресуди. МВР воведува дигитален систем на известување – санкцијата започнува да тече по приемот на втората порака, а досега се реализирани над 3.000 забрани!

Според новите законски одредби, извршувањето на забраната повеќе нема да се врши со физичко впишување во возачката дозвола. Со ова се укинува и обврската граѓаните да плаќаат за издавање нова возачка дозвола со впишана забрана и со ист рок на важност. Наместо тоа, МВР воведува дигитален систем на известување преку СМС пораки и електронска пошта. Процесот на известување се реализира во две фази.

Првата порака, која граѓаните ќе ја добијат приближно седум дена по пополнување на изјавата со контакт податоци, содржи информации за видот и времетраењето на изречената забрана. Втората порака се испраќа осум дена по приемот на првата, а токму од моментот на нејзиното добивање започнува да тече забраната за управување со моторно возило. Од Министерството нагласуваат дека санкцијата не започнува од денот на пополнување на изјавата во Одделенијата за управни работи, туку исклучиво по приемот на втората СМС порака. Во следната фаза, според најавите, ќе се овозможи забраната да започнува веднаш по ажурирањето на податоците во системот.

Досега, согласно со новиот начин на извршување, реализирани се над 3.000 забрани за управување со моторно возило изречени со правосилни судски пресуди. Од МВР апелираат до сите граѓани кои добиле покана од Министерството, а имаат изречена ваква санкција, да се јават во надлежните организациони единици за управни работи за да ги достават и ажурираат личните контакт податоци – број на мобилен телефон и е-маил адреса. Целта, како што посочуваат од Министерството, е правилно и навремено извршување на санкцијата и избегнување евентуални недоразбирања.

Дополнително информираат дека санкцијата ќе биде реализирана и за граѓаните кои се обидуваат да го избегнат нејзиното извршување, доколку Министерството веќе располага со нивните контакт податоци. Паралелно, целосно автоматизирано се спроведува и извршувањето на забраните констатирани преку системот „Безбеден град“. И во овие случаи известувањето се врши на ист начин – преку СМС порака и електронска пошта – за прекршоци за кои според закон е предвидена ваква санкција и за кои граѓаните ја прифатиле одговорноста и ја платиле предвидената глоба. Со воведувањето на новите измени, од МВР посочуваат дека процесот станува побрз и поефикасен, а значително се намалуваат и административните процедури за граѓаните.

Најнови вести од: Македонија

Грчки „патриоти“ ја штитат и Македонија од евентуален напад од Иран

Атина ја презеде заштитата на македонскиот воздушен простор во рамките на НАТО, а на барање на Софија ја штити и Бугарија со распоредување батерија „патриоти“ на северот од земјата и со двојка ловци Ф-16

Лекарите на хартија дежураат без пауза, а за пациентите нема термин ни за лек, можно ли е?!

Министерството за здравство со строги мерки за следење на работата на здравствените работници, со цел обезбедување ефикасна работа и транспарентност. Министерот Азир Алиу најави воведување нов систем за евиденција на работното време преку отпечаток од прст и нагласи дека ќе се преземат законски мерки против институциите и директорите кои нема да ги почитуваат правилата.

To top