Македонија

Заев и Димова доделиле проекти за медиумска писменост на фризерско студио

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски,изјави дека фризерница добила проекти за медиумска писменост преку програмата „Еразмус+“ во вредност од над 270 илјади евра за време на мандатот на Зоран Заев.

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на прес-конференција изјави дека фризерница добила проекти за медиумска писменост преку програмата „Еразмус+“ во вредност од над 270 илјади евра за време на мандатот на Зоран Заев.

Манасиевски обвини дека поранешната директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова, заедно со поранешниот премиер Зоран Заев, доделиле неколку грантови во вредност од над 270 илјади евра за медиумска писменост на фризерско студио во период од три години.

„Фризерското студио со две столчиња добива неколку години по неколку грантови од ‘Еразмус+’, односно Заев и Димова, вредни вкупно над 270 илјади евра. Секако, погодувате и за овој проект, сопственикот на фризерницата е близок пријател токму на Лидија Димова, односно поранешен граѓански и партиски активист на СДС“ изјави Манасиевски.

Манасиевски потенцираше дека сè уште нема одговорност за, како што рече, сомнителните случаи во кои лица блиски до СДСМ, членови на партијата, судии и професори се наполниле со проекти вредни стотици илјади евра.

„Во СДС владее паника и страв дека на виделина излегува вистината за нивното криминално и коруптивно владеење во агенцијата ‘Еразмус+’. Нивните судии и обвинители треба малку да се позанимаваат со овие работи. Одговорност мора да има“, потенцираше Манасиевски.

Најнови вести од: Македонија

Над 1000 повици за паднати дрвја и летнати кровови пријавени во ЦУК по невремето во Скопје

Повеќе од 1.000 повици од граѓани се евидентирани на Единствениот број за итни повици 112 по силното невреме проследено со силен ветер што попладнево го зафати Скопје, информира Центарот за управување со кризи

„Визер“ ја крева Македонија повисоко на европското небо, додаде уште еден авион

Скопскиот аеродром добива нов залет со проширувањето на базата на „Визер“, која носи повеќе летови и нови европски дестинации. Порастот на бројот на патници покажува дека воздушниот сообраќај во Македонија влегува во нова фаза на развој. Со седмиот авион, земјава се приближува до целта од четири милиони патници годишно, а придобивките се очекуваат и во туризмот, бизнисот и во економијата.

To top