Македонија

Загина 72-годишник по удар од мотор

Вчера попладне околу 13.45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Шар планина“ во Скопје мотоцикл „бмв“ со бугарски регистарски таблички, управуван од М.О.(22) од Скопје, удрил во пешакот К.Г.(72) од Скопје. Во несреќата на местото на настанот починал пешакот, а од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт, соопшти […]

Вчера попладне околу 13.45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Шар планина“ во Скопје мотоцикл „бмв“ со бугарски регистарски таблички, управуван од М.О.(22) од Скопје, удрил во пешакот К.Г.(72) од Скопје.

Во несреќата на местото на настанот починал пешакот, а од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт, соопшти МВР..

Извршен бил увид од увидна екипа од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител М.О. бил лишен од слобода и задржан во полициска станица за понатамошна постапка.

По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Најнови вести од: Македонија

Квалификациониот меч Македонија : Швајцарија ќе го гледаме на српски јазик ако се прашува Филипче

Ако се прифати ставот на Филипче кој сам си ја урива тезата за ,,српски свет” натпреварот од фудбалскиот меч Македонија – Швајцарија и сите други спортски мечеви ќе ги гледаме на српски јазик

To top