Македонија

Загина познатиот охридски фотограф Кристијан Љушев

Тажна вест ја потресе јавноста во Охрид и пошироко по вчерашниот трагичен настан во кој животот на само 28 години го загуби младиот снимател, фотограф и продуцент

Познатиот охридски фотограф и креативен уметник Кристијан Љушев е младиот охриѓанец кој вчера го загуби животот по пад во зграда во Охрид.

Познат по својата работа, 28-годишниот Кристијан, со неговата „Шпанец“ продукција уживаше углед помеѓу колегите, како вреден, талентиран и исполнителен професионалец, кој има работено на бројни проекти, документарни емисии, видео спотови и останати материјали.

Иако нема потврдени информации за причините кои довеле до незгодата во која тој настрада, неофицијално, Љушв паднал во окно од лифт во зграда.

Како што пренесува Супер радио и OhridPress повредениот вчера, околу 15:00 часот, бил донесен во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид, каде биле направени обиди за негова реанимација, но истите за жал биле неуспешни.

Најнови вести од: Македонија

To top