Македонија

Зајкова: Жичарницата на Водно работела без дозвола додека превезувала деца и туристи, кој ќе одговара за пропустот?

Жичарницата на Водно со месеци работела, додека била опасна за патниците. Синдикатот на ЈСП јасно предупреди дека жичарницата работела без дозвола и не смеела да превезува луѓе, пишува во објава на социјалните мрежи претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во македонското Собрание, Моника Зајкова. Колку скопјани (возрасни, деца), колку туристи биле изложени на ризик […]

Жичарницата на Водно со месеци работела, додека била опасна за патниците. Синдикатот на ЈСП јасно предупреди дека жичарницата работела без дозвола и не смеела да превезува луѓе, пишува во објава на социјалните мрежи претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во македонското Собрание, Моника Зајкова.

Колку скопјани (возрасни, деца), колку туристи биле изложени на ризик по својот живот во овие месеци?!? Јас лично го носев мојот петгодишен внук до врв на Водно со истата… морници ме лазат од помислата што сѐ можело да се случи на секој од нас. Колку пати мораме да бидеме сведоци на неизмерна штета, па и човечки животи, за конечно да сфатиме дека мораме да ја поставиме безбедноста на прво место? Колку нови трагедии треба да ни покажат дека стандардите не се луксуз, туку се поставени заради безбедност и заштита?“, прашува Зајкова.

Секоја жичарница мора да минува годишен технички преглед и вонредни инспекции пред секоја сезона. Инспекциите мора да ги вршат независни тела (не само ЈСП или оној кој ги стопанисува), а извештаите да бидат јавни и достапни, наведува таа.

Зајкова бара да се воведат современи сензори за вибрации, опуштеност и странични движења кои автоматски го сопираат системот при ризик (како што е пракса во Австрија, Швајцарија и Германија). Овие современи технологии ги спречуваат катастрофите пред да се случат.

„Кривична одговорност за раководството во случај на исклучучени безбедносни уреди, дозволување или игнорирање на функционалните несигурности или работење без дозвола. Ние не сме статистика. Сме луѓе. И не мора да ја плаќаме цената со живот заради импровизации и неспособност“, заклучува претседателката на ЛДП, Зајкова.

Најнови вести од: Македонија

Онлајн купувачи се жалат на проблеми при пазарењето, најчесто за бавна испорака

Бавната испорака е најчестиот проблем на е-купувачите. Повеќе од една третина (35,4%) од онлајн купувачите во ЕУ пријавиле проблеми при купување преку веб-страница или апликација, покажува истражувањето на Евростат од 2025 година за користење на информатичко-комуникациски технологии. Во Македонија, проблем при е-шопинг имале 29,41 отсто од купувачите.

Над 400 милиони денари само лани вложени во инфраструктура во Битола

Во тек се 10-ина нови проекти (реконструкција на улици и патишта, изградба на нови, комунална инфраструктура, спортски игралишта). Коњановски најави дека со почнувањето на градежната сезона ќе има многу работа во оваа календарска година, во која благодарение и на соработката со Владата веќе се склучени договори.

To top