Македонија

Заменик-министерот Ристески го посети Научниот центар за циркуларна економија и лабораторија за тестирање на материјали во Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип

„Циркуларна и зелена економија базирана на соработка наука и бизнис“

Заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески, заедно со ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ проф. д-р Дејан Мираковски и Претседателката на Центарот за циркуларна економија при Стопанската комора на Македонија Марија Дуковска-Павловска денес го посетија Научниот центар за циркуларна економија и лабораторијата за тестирање на материјали во рамки на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

Во рамки на проектот „Циркуларна и зелена економија базирана на соработка наука и бизнис“ со финансиска поддршка од министерството креиран е Научниот центар за циркуларна економија при Универзитетот и опремена е модерна лабораторија за тестирање на материјали која е ставена на располагање на научната и бизнис фелата.

– Владата на Република Македонија и Министерството за економија и труд се силно посветени на поддршка на бизнис секторот за зголемување на неговата конкурентност, раст и развој, а еден од клучните фактори во овој процес е воспоставување на соработка и партнерство со науката. Преку оваа соработка се овозможува трансфер на знаење, технологии, заедничко истражување и иновации. Бизнис секторот во моментов се соочува со бројни предизвици на глобалниот пазар, континуирани барања за зелена и дигитална транзиција, поголема продуктивност, намалување на трошоците… и преку соработката со образовниот сектор и академијата и користење на услугите на лабораториите и научните центри може да го реализира тоа на полесен и побрз начин, кажа заменик-министерот Ристески.

Водечки партнер на проектот е УГД – Штип, заедно со Стопанската комора на Македонија и компанијата „Бонивес“ кои работеа на проектот, а за реализацијата на овој проект министерството издвои 3.250.000 денари, односно 74.46% од вкупната вредност на проектот.

Во насока на приближување на бизнисот и науката со цел зголемување на конкурентноста, растот и развој на домашните компании министерството за економија и труд дава голема поддршка во овие процеси. Министерството за економија и труд преку Програмите за работа секоја година издвојува финансиски средства за поддршка на акредитација, реакредитација и набавка на опрема на лабораториите, со цел зголемување на услугите кон бизнис секторот. Како новитет се и можностите кои произлегуваат со превземањето на Законот за финансиска поддршка на инвестиции кои влегува под ингеренција на министерството за економија и труд од наредната година.

Тука постојат голем број на можност за финансиска поддршка на компаниите за инвестирање во истражувачко-научни организациони облици и центри или проекти со цел стекнување на нови знаења и вештини за развој на нови производи, производни процеси и услуги, како и значително подобрување на постојните производи, производните процеси и услуги во производните дејности.

Најнови вести од: Македонија

Алиу: Пациентите со ретки болести нема да чекаат ниту ден

Министерот за здравство, Азир Алиу, најави значајна промена во постапката за обезбедување лекови за пациенти со ретки болести – за првпат во државата ќе се отвори тендерска постапка за три години, наместо годишно.

Посебен сообраќаен режим во Тетово, Гостивар и Дебар поради посетата на Бајрам Бегај

Денеска, 28 февруари 2026 година (петок), во Тетово, Гостивар и Дебар ќе важи посебен сообраќаен режим поради завршувањето на тридневната официјална посета на претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај.

Од грабеж до затворска „терапија“: необична мотивација на осудениот Македонец

Окружниот суд во швајцарскиот град Бремгартен изрече пресуда во необичен случај: млад македонски државјанин беше осуден на пет години затвор за серија грабежи и други кривични дела.

To top