Македонија

Заменик министерот Ристески зеде учество на панел дискусија во рамки на Саемот за женско претприемништво

ЕКСПО 2025 Скопје

Заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески зеде учество на панел дискусија во рамки на Саемот за женско претприемништво ЕКСПО 2025 Скопје кој е во организација на UN Women. На панел дискусијата со работен наслов „Заедничко обликување на иднината на бизниси водени од жени“, покрај Ристески учество зедоа и Бен Нупнау – заменик амбасадор на Делегацијата на Европска Унија, Весна Ивановиќ-Кастаред – раководителка на канцеларијата на UN Women во Македонија и Валентина Дисоска – Претседателка на Асоцијата на бизнис жени на Македонија.

На панелот соговорниците дискутираа за состојбите со женското претприемништво во Македонија, развојот на компаниите водени од жени и надминување на административните бариери со кои се соочуваат во нивното делување. Ристески во своето обраќање се осврна на активностите на Владата и министерството за економија и труд преку кои се промовира и поддржува подобрувањето на финансиската вклученост на жените во економската сфера, пред се во зголемувањето на пристапот до изворите на финансирање за започнување и проширување на бизниси, бидејќи тоа создава можности за поголемо претприемништво, инвестирање и активно учество во економијата. ‘Тој апелираше до присутните да ги следат јавните повици и активните мерки на министерствата кои се наменети за женските претприемачи, да аплицираат и да ги искористат поволностите кои ги нуди Владата на Македонија.

Министерството за економија и труд и понатаму ќе поддржува и креира политики, мерки и активности кои ќе придонесат кон унапредување и промоција на финансиската вклученост на жените, како дел од пошироките напори за создавање одржлив и инклузивен економски развој.

Саемот за женско претприемништво ЕКСПО 2025 е организиран од страна на UN Women во Македонија и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), а истиот е финансиран од програмата на Европската Унија „ЕУ за родова еднаквост: Економско зајакнување на жените и стопирање на насилството против жените“ (EU4GE).

Најнови вести од: Македонија

Откриени бистите на Томас Златков и Александар Стојанов на Градскиот стадион во Кочани

Бистите на Томас Златков и Александар Стојанов верните навивачи на „Сејмени“ на Фудбалскиот клуб „Осогово“ во Кочани, а кои загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ пред речиси една година денеска беа откриени од страна на нивните пријатели и семејства

Работник починал по пад од висина во Скопје

Работник од кривопаланечко Герман починал по пад од висина во објект во изградба во Скопје. Настанот, како што информира Министерството за внатрешни работи, е пријавен вчера околу 16:30 часот во СВР Скопје, а 59-годишниот работник бил пренесен на Клиника каде околу 17:40 часот починал

To top