Македонија

Запленета поголема количина цигари без бандероли во Тетовo

Добар улов на МВР

Денеска (20.07.2025) околу 8 часот во Тетово полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции го лишија од слобода А.С.(45) од с.Горно Палчиште, о.Боговиње. При контрола на патничко возило “ауди” со тетовски регистерски таблички, кое А.С. го управувал, пронајдени се 49 кутии со филтри за цигари, 70 штеки со по 10 кутии цигари, 19 машинки за полнење на цигари и 98 килограми дробен тутун. По документирање на случајот, против А.С. ќе биде поднесена кривична пријава по член 278 б и 279 од КЗ.

Најнови вести од: Македонија

Меџити: Затворивме важна тема, која ДУИ не ја реши 20 години

Вицепремиерот и кандидат од Вреди за градоначалник на Чаир Изет Меџити им се обрати на градоначалниците на општините, кои доаѓаат од ДУИ, со апел да не ги кочат проектите, што ги започна Вреди како дел од Владата.

Симболот на неправдата нанесена од Заев и СДСМ кон стотици Македонци, тргна во второ одделение

Петар е само едно од децата кои што привремено останаа без мајка или татко затоа што владата на Заев со страховладеење и монтирани судски процеси подготвуваше терен за промена на името и потпишување на договорот со Бугарија

To top