Македонија

Започна 16-тата Школа за млади лидери „Младинска агенда за одржлив свет“

Школата за млади лидери е иницијатива на претседателот Иванов, започната во 2010 година, на почетокот на неговиот прв претседателски мандат. Во изминатите 15 изданија, преку програмата поминале околу 600 млади од земјата и странство, а речиси 400 реномирани предавачи од Македонија, Европа и светот го споделиле своето знаење и искуство. Во 2018 година, проектот „Школа за млади лидери на Претседателот Иванов“ беше прогласен за најдобар социјално одговорен проект во Европа за 2017 година од страна на Светскиот инвестициски форум на бизнис ангели.

Започна 16-тата Школа за млади лидери на претседателот Иванов, која ќе се одржува во следните две недели, во периодот од 3 до 16 ноември 2025 година. Програмата се реализира комбинирано, онлајн до 7 ноември и со целодневна програма од 9-16 ноември 2025 година во Хотел Инекс Олгица во Охрид. Со овогодинешната тема  „Младинска агенда за одржлив развој“, школата е посветена на Целите за одржлив развој на ОН, како глобална иницијатива која ја поттикнува и младинската улога во создавањето на праведни, инклузивни и одржливи општества.
На отворањето се обратија основачот на Школата, Претседателот Ѓорге Иванов, Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, Претседателот на Freedom House Герардо Бертин, како и г. Фелипе Паулиер, помошник Генералниот секретар на Обединетите нации за младински прашања, кој испрати видео порака до учесниците.
Претседателот Иванов, поздравувајќи ја новата генерација учесници на Школата за млади лидери, се осврна на главната тема на 16-тата Школа и на Целите за одржлив развој на Обединетите нации и Агендата 2030, единствената глобална рамка што нуди излез од кризите и предизвиците со кои се соочува човештвото, зад која застанаа сите земји членки на ОН. Во своето обраќање тој  посочи дека постојат бројни причини поради кои овие цели сеуште не се целосно остварени, но дека младите располагаат со највредните ресурси како надежта, енергијата, креативноста и можностите, за да придонесат кон нивно решавање. Во таа насока, тој истакна дека вештачката интелигенција мора да се користи како алатка за креативни решенија на предизвиците во сите области, потенцирајќи дека во ова време се бара нова дефиниција на лидерството – лидер кој ќе може да одговори на комплексноста на современиот свет.
Иванов нагласи дека лидерот на иднината треба да биде способен да одговори на она на што не може да одговори вештачката интелигенција и тоа со својата емоционална интелигенција, интуиција, етичност, креативност и човечност,  карактеристики кои го прават човекот незаменлив. Посочи дека лидерите на иднината не треба да се натпреваруваат со вештачката интелигенција, туку да создаваат синергија со неа. Наместо стравот, младите треба да посегнат кон надежта и да развиваат одговорен пристап кон новите технологии, користејќи ги нивните придобивки и поставувајќи етички механизми кои ќе спречат нивна злоупотреба.
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, алумнист на Школата за млади лидери, истакна дека вистинската трансформација започнува со внатрешната култура на лидерството, како размислуваме, одлучуваме и се однесуваме кога никој не не гледа. Тој предупреди да не се фокусираме само на реформите на општеството, без да се реформираме себеси, бидејќи трансформацијата е и лична промена.
Лидерството бара храброст и иницијатива, а лидерските вештини не се наследуваат, туку се обновуваат и реинвентираат во секоја генерација. Андоновски нагласи дека Македонија има потреба од млади лидери кои нема да ги копираат старите стилови на политиката и менаџментот, туку ќе ја редефинираат интегритетот, заслугите и храброста. Тој го истакна примерот со градоначалникот Божинов, кој го освои вториот мандат благодарение и на мрежата на млади лидери што се запознале на Школата и го поддржале неговото номинирање и кандидатура, покажувајќи како влијанието на Школата се шири во реалниот живот. Дигиталната трансформација ја спореди со национална трансформација, каде системите треба да им служат на луѓето, а не на самите себеси.
Школата, како што се етика на вештачката интелигенција, аналогно лидерство во дигиталниот свет, или одржливоста, се воведуваат за првпат и ќе станат дел од главните дискусии во иднина. Во свет управуван од алгоритми, човечката проценка ќе прави разлика. Андоновски потсети дека постојат три типа луѓе: оние што чекаат, оние што набљудуваат и оние што започнуваат промени, при што иднината припаѓа на оние што дејствуваат. Тој се заблагодари на претседателот Иванов за посветеноста во создавање генерации лидери и нагласи дека вистинското наследство на Школата не е продолжување на старото, туку создавање на нешто ново што започнува во мали кругови и се шири низ општеството и нацијата.
Претседателот на Freedom House Герардо Бертин ја поздрави 16-тата Школа за млади лидери на претседателот Иванов како меѓународно призната и престижна програма која инвестира во растечки лидери, создавајќи простор за учење, менторство и акција. Тој објасни како се подготвува годишниот извештај „Freedom in the World“, кој ја оценува слободата во околу 200 земји и територии, користејќи методологија базирана на Универзалната декларација за човекови права. Во извештајот за 2024 година, Бертин истакна дека слободата опаднала во 42% од светското население поради насилство, репресија, нерегуларни избори, вооружени конфликти и авторитаризам, додека подобрување имало само во 15% од случаите. Тој нагласи дека овие трендови имаат човечки последици, влијаат на новинари, активисти, политичари и млади граѓани, и ја поттикнуваат недовербата во изборните процеси, поларизација и закани кон демократските институции.
Според Бертин, постојат три главни линии на закани: манипулирани и неправедни избори, трајни конфликти и присила, и ширење на авторитаризмот преку медиумска контрола, транснационална репресија и нови технологии за надзор. Бертин посочи дека, и покрај овие предизвици, многу земји покажуваат отпорност и напредок благодарение на организираноста на граѓанското општество, активности на новинари и учество на граѓаните. За младите лидери, тој нагласи дека нивната улога е клучна за демократската обнова. Истакна три начини на нивна вклученост: зајакнување и заштита на институциите, одбрана на информативниот екосистем и медиумската писменост, и ширење на демократијата преку инклузија и активно учество на граѓаните. Бертин ги повика младите да бидат иновативни, да изберат арена за акција, како институции, информации или инклузија, и да спроведат конкретни проекти во наредните денови, со цел да водат и обликуваат демократска и отпорна иднина.
Со срдечни поздрави до 16-тото издание на Школата за млади лидери како институција која го олицетворува потенцијалот на младите, образованието и визијата да ја обликуваме нашата заедничка иднина, г. Фелипе Паулиер, помошник Генерален секретар за младински прашања на ОН, нагласи дека општата тема на оваа школа, младинска агенда за одржлив свет, е повеќе од соодветна за времето во кое живееме. Потенцираше дека во светот околу нас, гледаме итна потреба за иновативно, одговорно и инклузивно лидерство. А младите лидери се тие кои не се плашат да го предизвикаат статус-квото и кои разбираат дека иднината зависи од нивните идеи и постапки и од нивната непоколеблива посветеност. Им посака успех во програмата, во која учесниците се опремуваат да се соочат со глобалните предизвици, како климатските промени, социјалните нееднаквости и политичката нестабилност.
Нагласи дека лидерството не е ограничено на коридорите на моќта, туку дека се покажува во секојдневните постапки – кога се бориме за правда, кога негуваме дијалог, кога се грижиме за околината и кога градиме мостови меѓу разликите. Дека секој млад лидер носи потенцијал да биде катализатор за трансформација во неговата заедница, во неговата земја и пошироко. Порача дека треба да градиме иднина каде идеите водени од младите ја покажуваат патеката кон помирен, поправеден и поодржлив свет.
Школата за млади лидери претставува уникатна платформа за талентирани и ангажирани млади луѓе од различни средини. Учесниците, внимателно селектирани според нивните академски достигнувања, лидерски потенцијал и општествен ангажман, се идентификувани како идни лидери кои ќе придонесат во изградбата на мирна, праведна и просперитетна иднина. На овогодинешната школа учествуваат четириесет учесници, од кои една третина се од странство, што го потврдува меѓународниот карактер на програмата.
Преку предавања, работилници и практични проекти, повеќе од дваесет предавачи и говорници од Македонија и од странство ќе споделат знаење и искуство со младите. Целта е да се поттикне нивниот капацитет за иновативно размислување, соработка, и спроведување на позитивни општествени промени. Меѓу предавачите на оваа школа ќе бидат истакнати експерти, универзитетски професори, високи претставници и претприемачи од земјата и од светот, меѓу кои: Претседателката на Унгарија (2022–2024) г-ѓа Каталин Новак; проф. д-р Џефри Сакс, светски познат професор по економија, директор на Центарот за одржлив развој при Универзитетот Колумбија и Адвокат за одржливи развојни цели на генералниот секретар на ОН; Владиката г. Георгиј, митрополит на Дебарско-кичевската епархија; Мајкл Дуби, поранешен заменик-командант на United States Northern Command; д-р Рашела Мизрахи, пратеник во Собранието на Република Македонија; проф. д-р Ѓорѓија Петкоски, предавач на Школата Вартон, Универзитетот на Пенсилванија и гостин-професор на Универзитетот во Белград; проф. д-р Роберт Стеркен, претседавач на Катедрата за политички науки на Универзитетот на Тексас во Тајлер; Филип Нелковски, истражувач и стипендист на Stanford CDDRL; Лазар Поп Иванов, раководител на секторот за експериментирање во канцеларијата на УНДП во Македонија; Петар Ниновски, основач на Brainster Group и извршен директор на AIatWork.ai; проф. д-р Разаман Акташ, директор на Центарот за континуирано образование и професор на Одделот за бизнис администрација на Универзитетот ТОББ; Анастасија Илиевска, менаџер на Brainster Next College, новинарка и уредник во Алфа ТВ, претседателка на ISLAA, Школа 14-та генерација; Зоран Костовски и Ранко Безар од Мотива; Јакуб Популар, раководител на меѓународен бизнис развој во Mindworx и тренер за потрошувачка психологија; д-р Александар Митов, специјалист по медицина на животен стил и основач на Dr. Mitov Health Ecosystem, Школа 1-ва генерација; м-р Ивана Хаџиванова, психолог и психотерапевт; како и членовите на Алумни асоцијацијата ISLAA – Ѓорѓе Божинов, градоначалник на Општина Ново Село, Школа 6-та генерација; Даниел Ѓокески, Дизајнер за учење и искуство на вклученост, Школа 1-ва генерација и прв претседател на ISLAA; Нина Ачераоу, Институт за културна дипломатија, меѓународна дипломатија, Школа 14-та генерација; Илина Пејоска Затуроски, Стратег за дигитални производи и AI Experience Architect, специјалист за дигитални медиуми, водител на подкаст, Школа 11-та генерација; Панче Коцев, писател, магистер по криминалистика, вработен во МВР, Школа 13-та генерација; и Хепи Манго, Прв секретар за развој при Амбасадата на Република Малави во Берлин, Германија, Школа 15-та генерација.
Со крајна цел инвестиција во идните и потенцијални лидери, овој проект е целосно поддржан од бизнис секторот во земјата. Спонзори и поддржувачи се повеќе општествено одговорни компании од Република Македонија и од странство, некои од самиот почеток на школата. Меѓу поддржувачите на Школата се: ТИКА, Хотел „Инекс Олгица“ Охрид, Државна лотарија на Македонија, ТАВ Македонија, EVN, Микросам, АТО, Алкалоид АД Скопје, Витаминка АД Прилеп, Делфино (Sixt), Петрол Оил Компани, Туркиш Ерлајнс, А1 Македонија, Обединета македонска дијаспора, HalkBank, Еко Флуид, Езимит, Скопска Пивара и Мотива.
Организатори на Школата се Кабинетот на поранешниот Претседател д-р Ѓорге Иванов, Меѓународниот центар „Алијанса на цивилизациите“ (ICAC) и Алумни Асоцијацијата „Иванов Школа за лидери“ (ISLAA).
Школата за млади лидери е иницијатива на претседателот Иванов, започната во 2010 година, на почетокот на неговиот прв претседателски мандат. Во изминатите 15 изданија, преку програмата поминале околу 600 млади од земјата и странство, а речиси 400 реномирани предавачи од Македонија, Европа и светот го споделиле своето знаење и искуство. Во 2018 година, проектот „Школа за млади лидери на Претседателот Иванов“ беше прогласен за најдобар социјално одговорен проект во Европа за 2017 година од страна на Светскиот инвестициски форум на бизнис ангели.

Најнови вести од: Македонија

Ацо Ристов е нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика на местото на Бислимовски

Собранието на Македонија со 68 гласа „за“ попладнево го избра Ацо Ристов за нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика. Ристов доаѓа на позицијата на Марко Бислимовски, кој поднесе оставка во февруари годинава.

Ќе добие ли Скопје нови градски автобуси?!

Од околу 130 наши автобуси што беа во функција, сега од гаражите излегуваат 180 автобуси. Значи, имаме зголемено за 50 функционални автобуси. Дополнително зголемен е и бројот на автобусите на приватните превозници, кои во минатото од различни причини одбиваа да сообраќаат на дел од линиите, кажа скопскиот градоначалник.

Петрушевски: Партнерите на Дака – СДС, Филипче и Заев молчат за поткупот од 4 милиони евра за ДУП-от во Тетово

„Нема одговори од СДС, Филипче и Заев за тоа каде завршиле 4 милиони евра кои Дака според аудио снимките од неговиот разговор со Кичеец, му ги дал на Заев за градење на 2.000 станбени единици во Тетово. Дали Заев освен овие 4 милиони евра, требал да добие и процент од продажбата на становите, чија вредност би достигнала во тоа време околу 200 милиони евра?“ – нагласува пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Бране Петрушевски во обраќањето кон јавноста.

В.Л. пукал со службен пиштол во двор, а куршумите завршиле во соба на соседите – ќе одговара кривично заедно со уште еден полицаец

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до надлежното Основно јавно обвинителство Прилеп поднесе кривична пријава против В.Ј. поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „предизвикување на општа опасност“ и „попречување на правдата“ и против А.Л. поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „помагање“ во врска со „предизвикување на општа опасност“ и „попречување на правдата“.

Стратегија за за 2026–2031 година, заради зачувување на македонскиот јазик, идентитет и култура во Ниш

Во Ниш e претставена Стратегијата за развој и дејствување на Националниот совет на македонската национална заедница за наредните пет години, која ги одредува клучните правци во образованието, културата, информирањето и употребата на јазикот. Целта е зајакнување на македонската заедница, институционална соработка, локален развој и користење на фондовите на ЕУ, истакна претседателката на Националниот совет, Зорица Митровиќ.

Избран е изведувач, почнува реконструкцијата на „Универзална сала“

Со новиот лик на Универзална, Скопје ќе добие модерна, функционална и репрезентативна културна институција, која ќе биде домаќин на врвни театарски претстави, концерти, фестивали и големи културни настани

ДС: Македонскиот е заеднички јазик за разбирање за сите етнички заедници во Македонија.

Во судството е од најголема важност обвинителите, судиите и адвокатите да го совладаат македонскиот јазик, кој е „лингва франка“, заеднички јазик на разбирање за сите етнички заедници во Македонија.

To top