Македонија

Започнува реконструкцијата на Универзална сала: Клуч на рака до 2027

Министерството за култура и туризам соопшти дека е финализирана постапката за избор на изведувач за реконструкција на објектот на Универзална сала во Скопје.

Министерството за култура и туризам соопшти дека е финализирана постапката за избор на изведувач за реконструкција на објектот на Универзална сала во Скопје. Денес е донесена одлука за избор на најповолен понудувач во рамките на јавната набавка за „Изведба на градежни и градежно-занаетчиски работи и уредување на ентериерот на објектот Универзална сала во Скопје – по принципот Клуч на рака“.

„По завршување на законските рокови за доделување на договорот ќе биде потпишан договорот за изведба, а по исполнување на сите потребни предуслови за почеток на градба и воведување на изведувачот во работа, ќе следи официјалното започнување на градежните активности.

Рокот за реализација на проектот е предвиден до декември 2027 година. Набавката се реализира по принципот Клуч на рака, што значи дека во предвидениот рок објектот ќе биде целосно изграден, уреден и подготвен за користење, односно за одржување на концерти, настани и други културни содржини“, велат од Министерството.

Министерството потсетува дека по преземањето на Универзална сала од Град Скопје, особено по пожарот што го зафати објектот, беа преземени повеќе активности за успешна реализација на проектот за реконструкција. Како дел од овие напори, Министерството подготви нова проектна документација на ниво на основен проект, со измени и дополнувања на постојната документација преземена од Град Скопје.

„Овој проект беше претставен пред македонската јавност, а со неговата реализација ќе се зачува споменот и колективната меморија за објектот, а воедно ќе му се даде и нов, современ и повеќенаменски карактер“, велат од Министерството за култура и туризам.

Според соопштението, обновената Универзална сала ќе биде дел од манифестацијата „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“, заедно со другите културни објекти во градот.

Најнови вести од: Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Распродавачите на националните интереси СДС и Филипче, велат дека Македонија не е на продажба

Оние кои и ги направија најголемите предавства, кои го сменија името, потпишаа бланко документ за бугарските барања и ги распродаваа националните интереси, Венко Филипче и СДС, велат Македонија не е на продажба

Во Салцбург основана нова македонска православна црковна општина „Св. Архангел Михаил“

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина, откако митрополитот европски Пимен даде благослов за нејзино основање во рамките на Европската епархија на Македонската Православна Црква

Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае

Таа посочи дека „Браќа Манаки“ одамна не е само фестивал, туку и културна институција со препознатлив меѓународен авторитет, докажан културен идентитет и долг, духовен и емоционален мост што ја поврзува македонската и балканската кинематографија со светската

To top