Македонија

Запрена истрагата против Ратко Капушевски и „Пуцко петрол“ за набавката на мазут

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе наредба за запирање на истрагата за набавките на мазут за потребите на ТЕЦ Неготино, во која беа опфатени 13 лица, меѓу нив и бизнисменот Ратко Капушевски, сопственик на компанијата РКМ.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе наредба за запирање на истрагата за набавките на мазут за потребите на ТЕЦ Неготино, во која беа опфатени 13 лица, меѓу нив и бизнисменот Ратко Капушевски, сопственик на компанијата РКМ.

Од Обвинителството соопштија дека по едногодишна интензивна истражна постапка не е утврдено дека осомничените сториле било кое од кривичните дела што им се ставаа на товар, ниту пак е откриено постоење на друго кривично дело што се гони по службена должност.

Истрагата опфаќаше сомневања за можни злоупотреби во постапките за набавка на мазут за ТЕЦ Неготино во време на енергетската криза, незаконито склучување на договори и анекси, како и перење пари.

„Од собраните докази произлезе дека предметните постапки за набавка на мазут се спроведувале во услови на прогласена енергетска криза од страна на Владата на Република Северна Македонија и согласно законските исклучоци предвидени во член 23 од Законот за јавни набавки, со цел обезбедување непречено производство на електрична енергија“, соопштија од ОЈО ГОКК.

Во текот на истрагата биле анализирани финансиски и договорни документи, извршени вештачења и земени искази од сведоци, претставници на ЕСМ, ТЕЦ Неготино и економските оператори што поседувале лиценци за трговија со мазут.

Обвинителството заклучува дека постапките биле спроведувани транспарентно, при што ЕСМ ги контактирал сите компании со соодветни лиценци.

„Од исказите на претставниците на економските оператори произлезе дека дел од компаниите не учествувале во постапките поради свои деловни и економски проценки, односно поради високите количини, потребните банкарски гаранции и ризиците поврзани со тогашната состојба на енергетските пазари“, се наведува во соопштението.

Според Обвинителството, мазутот бил навремено и редовно испорачуван, а во ниту еден момент не било доведено во прашање производството на електрична енергија. Во критичниот период немало рестрикции во снабдувањето, а производството во ТЕЦ Неготино овозможило електрична енергија по значително пониски цени од оние на слободниот пазар.

Обвинителството, исто така, утврдило дека не постои штета врз ЕСМ или државниот буџет. Измените на годишниот план за јавни набавки и склучувањето на анексите биле спроведени согласно одлуките на надлежните органи на АД ЕСМ, Управниот и Надзорниот одбор.

Во делот за перење пари, обвинителите оцениле дека исплатените средства не претставуваат противправно стекната имотна корист, па финансиските трансакции, купувањето имот и префрлањето средства не можат да се квалификуваат како перење пари.

Против одлуката за запирање на истрагата, оштетеното правно лице има право на приговор до Вишото јавно обвинителство Скопје во рок од осум дена.

Претходно, полицијата го приведе бизнисменот Ратко Капушевски, а Обвинителството отвори истрага против 13 лица за злоупотреба на службена положба и перење пари.

Најнови вести од: Македонија

СВР Тетово: Се преземаат мерки за спречување меѓуетничка нетрпеливост кај младите

Секторот за внатрешни работи Тетово ја информира јавноста во врска со видео материјалите кои се споделени во дел од социјалните мрежи, а се однесуваат на синоќешниот инцидент во кој беа вмешани неколку малолетни лица, дека синоќа тие малолетници се обиделе да проверат кај две 11-годишни деца дали нивната облека содржи обележја на навивачка група, при што изреагирале случајни минувачи и не дошло до физички контакт.

Мицкоски: Над 1200 градилишта низ РМ, вложуваме во автопати, железница, образование и инфраструктура! – Јавните функционери да ја оправдаат дадената обврска!

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека Владата во изминатите две години работи на реализација на голем број инфраструктурни и развојни проекти, посочувајќи дека низ државата има повеќе од 1.200 активни градилишта и проекти.

Мицкоски: Никогаш нема да отстапам од интересите на мојот македонски народ! – Гоце е вткаен во нашето постоење, тој е Македонија!

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека нема да отстапи од, како што рече, интересите на македонскиот народ, нагласувајќи дека европската иднина на државата треба да се гради со мудрост, реформи и зачувување на националното достоинство.

Муцунски: Наша обврска е да градиме силна и меѓународно почитувана држава, чувајќи ги идеалите со достоинство

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Тимчо Муцунски, денеска во Скопје ја предводеше владината делегација која положи цвеќе пред Споменикот на основачите на ВМРО, по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.

Мицкоски: Свои на своето и со крената глава! – Со корен во минатото и со верба во иднината, ќе успееме!

„На 23 Октомври, покрај гордоста, треба да почувствуваме и одговорност. Да застанеме пред нивниот спомен, да се поклониме и искрено да се запрашаме: што правиме ние со слободата, за која тие се бореа, за која тие живееја и за која тие ги положуваа своите животи? Каква држава им оставаме на оние што доаѓаат по нас?“ – нагласи претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски на денешната свечена академија, која се одржа под мотото „Свои на своето!“ по повод Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври.

Гаши: Само обединети и со почитување на разликите можеме да изградиме држава во која секој граѓанин се чувствува еднаков и безбеден

Овој значаен датум нè потсетува на издржливоста, храброста и напорите на генерациите пред нас во нивната потрага по слобода, достоинство и независна државност

Најнови вести

To top