Македонија

Зеколи-Шаќири контра Села: Коридорот 8 останува неспорен приоритет

Заменик-министерката за транспорт го побива пратеникот од Алијанса за Албанците за наводното фаворизирање на Коридорот 10Д

Заменик-министерката за транспорт Калтрина Зеколи-Шаќири со промптна реакција на Фејсбук за тврдењата на Зијадин Села од Алијанса за Албанците во врска со Коридорот 8.

„Во врска со објавените информации за наводното драстично намалување на средствата за Коридорот 8, сакам јасно да појаснам дека ваквите тврдења се неосновани и не одговараат на официјалните податоци.

Според планот на Јавното претпријатие за државни патишта, за 2026 година, предвидени се околу 103 милиони евра за проектите на Коридорот 8 и Коридорот 10д. Од овие средства, над 60 милиони евра веќе се ослободени во текот на оваа година, за да може компанијата за имплементација да ги продолжи теренските работи според планот и предвидената динамика. Ова јасно докажува дека не станува збор за намалување на средствата, туку за продолжување на имплементацијата на проектот според финансиското и оперативното планирање.

Во врска со прашањето за работниците ангажирани во проектот, важно е да се нагласи дека управувањето со работната сила е исклучива одговорност на конзорциумот за имплементација. Дури и самата компанија „Бехтел и Енка“ јавно соопшти дека секоја реорганизација на персоналот е нејзина оперативна одлука и не е поврзана со неисполнети финансиски обврски од страна на државата.

Коридорот 8, заедно со Коридорот 10Д е меѓу најважните стратешки и инфраструктурни проекти за земјата. Поради оваа причина, од нашето доаѓање во Владата, интензивно работевме на секој од неговите сегменти, осигурувајќи се дека теренските работи се видливи и напредуваат според планот. Целосната имплементација на Коридорот 8 останува неспорен приоритет и ќе продолжи до неговото завршување.

Во врска со последниот сегмент што ја воспоставува врската со Албанија, важно е да се напомене дека трасата дизајнирана од претходната влада не е верификувана во однос на ограничувањата поврзани со подрачјата заштитени од УНЕСКО. Ова е прашање што го наследивме од претходното донесување одлуки. Сепак, со цел да се дејствува со институционална одговорност, проектот со предвидената траса е испратен на разгледување до УНЕСКО и институциите ќе дејствуваат во согласност со конечната проценка. Во исто време, се испитуваат и други можни алтернативи, бидејќи целосната имплементација на Коридорот 8 и поврзувањето со Албанија остануваат стратешки приоритет и ќе се реализираат.

Обидите да се релативизира или претстави овој проект како блокиран не се во согласност со фактите. Фактите и официјалните податоци се јасни: проектот продолжува според планот и останува главен инфраструктурен приоритет на државата“, реагира Зеколи-Шаќири.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски во Берлин на собир на ,,Коалицијата на волните”

Премиерот Христијан Мицкоски, заедно со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, денеска во Берлин учествуваше на состанокот на Коалицијата на волните посветен на актуелната состојба во Украина и напорите за постигнување мир

АмЧам: Реформите, иновациите и меѓународните стандарди предуслов за подобра здравствена заштита

Американската стопанска комора во Македонија е акредитиран член на Стопанската комора на Соединетите Американски Држави и на мрежата на Американски стопански комори во Европа, организација која претставува 49 Американски стопански комори од 47 земји во Европа и Евроазија.

Велјановски до опозицијата: Не може да се заборави како ја пљачкавте државата

На денешната собраниска седница на Комисијата за финансирање и буџет каде се дискутираше Предлог-Буџетот за 2027 година, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Велјановски, кажа дека и покрај долговите наследени од претходната влада, предводена од СДС, кои се тежок товар за државата, оваа Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со силни инвестиции, со работа на фискална консолидација, но и со зајакнување на здравствената и социјалната заштита на граѓаните.

Ристески: Клучен приоритет на Владата е да ги задржи младите во Македонија

Законот за сезонски работници што е во сила од 1 јануари 2026 година, сѐ уште не ги дава очекуваните резултати, но ова не е закон направен за една година. Затоа организираме информативни средби и настани со помош на медиумите, стопанските комори, работодавачите и синдикатите – за да ги анимираме луѓето дека пензионери, студенти, оние кои сакаат дополнително да работат и сите категории невработени лица можат да го искористат, без притоа да го изгубат стекнатиот статус, да имаат комплетно пензиско и здравствено осигурување, фер ангажман, платен работен час колку што се ангажирани дополнително и со тоа да остварат дополнителни приходи – рече денеска заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески.

Општина Охрид ги засилува активностите за затворање на депонијата „Буково“ и воспоставување нов систем за комуналниот отпад

Завршена е постапката за избор на проектант за изработка на техничката документација за затворање на нестандардната депонија „Буково“, а во тек се и активностите за изградба на претоварна станица кај Мауцкер и собирен центар во Охрид. Претоварните станици и Регионалниот центар за управување со отпад во Новаци се очекува да бидат функционални во 2030 година. Ова беше истакнато на денешната средба во Општина Охрид, посветена на новиот Регионален план за управување со отпад и воспоставувањето интегриран систем за Југозападниот и Пелагонискиот плански регион.

Зафировски за признанието на Михаилова за ДАНС: Ова е бугарска пародија, во која самата се излаја за поврзаноста со тајните служби

Срамота и давање автогол, бугарска пародија во која Ива Михаилова самата недоветно се излаја за улогата на тајните служби и бугарската ДАНС во целиот нејзин „случај“, посочи безбедносниот аналитичар Воислав Зафировски во „За македонските работи“ со Љупчо Цветановски. Недораснато дете кое избрза и искрено си кажа се што треба и не треба, класичен автогол во полза на Македонија за случај кој беше поддржан и од највисоките бугарски функционери.

Најнови вести

To top