Македонија

Жена го предала Никола Карев – предание кое го чува чичко Ангел од с. Рајчани

Селото Рајчани, оддалечено дваесетина километри од Кочани е последното пребивалиште на Никола Карев, пред неговата смрт на 27 април 1905 – та година во Свиланово

Селото Рајчани, оддалечено дваесетина километри од Кочани е последното пребивалиште на Никола Карев, пред неговата смрт на 27 април 1905 – та година во Свиланово.

Рајчани се наоѓа на Осоговските Планини на надморска височина од нешто над 700 метри. Доколку се појде од Кочани, најпрвин се минува низ селата Бели, Нивичани и Пантелеј. Патот во најголем дел е асфалтен, но во  лоша состојба. Последните 2 – 3 километри пред Рајчани се без асфалт.

До Рајчани може да се стигне и од Спанчево, полско село во Општина Чешиново – Облешево.  Доколку се појде оттаму, првин се доаѓа до Свиланово, каде Карев со својата чета бил обиколен  од турската војска и во нерамноправна битка загинал, тој и најголемиот дел од неговите соборци.  Но, овде станува збор за „црн“ пат и треба внимателно да се вози.

По чист асфалтен пат до Рајчани може да се стигне од Злетово, при што се минува низ селото Турско Рударе.

Бидејќи е април, пролет, Рајчани „плива“ во зеленило. Од селото кон југозапад се шири прекрсен поглед кон Кочанската котлина.

Најголемиот дел од куќите се градени во минатиот век, од камен, кал и плет, со чардаци.  Во селото  оџак чади само во три – четири куќи. Само толку семејства постојано живеат таму. Останати се повозрасните, кои ги чекаат своите деца за време на викендите.

Чичко Ангел сега е највозрасниот жител на Рајчани. Ја „троши“ осумдесетата. Го затековме дома со сите од семејството, на ручек.  Без размислување прифати да ни ја раскаже  приказната за Никола Карев, легендарниот претседател на Крушевската Република.  Таква како што ја памети од дете, така како што ја кажувале тогаш постарите во Рајчани.

Карев со четата, кога пристигнале вечерта на 26 април, се сместил во колиба во  местото викано Косел, кое се наоѓа на тромеѓето помеѓу Рајчани, Шталковица и Пантелеј.

-Ѕидовите од колибата стоеа до скоро, местото точно го знам, сега е обрасното со трници и лески, вели чичко Ангел. Кога легнале да поспијат и одморат, додава,  тој и неговите комите, Карев сонил сон со голем оган.

Кога станале, Карев рекол: „Другари , сонував еден голем оган – сите изгоревме! Така раскажува чичко  Ангел.

Утрото Карев влегол во Рајчани. Се сместил во Долно маало. Во која куќа точно, чичко Ангел не знаеше или не сакаше да каже. Тогаш за тоа не се зборувало, иако некои знаеле, ама молчеле. Но, сигурно се сместил во Долно маало.

Таму, Карев, наводно, ја прекорил домаќинката затоа што зготвила бакардан (качамак) за комитите, а не нешто подобро.

-И сега, дали домаќинката или жена од Злетово ја пријавила четата на војводата кај Турците, не знам точно. Ама жена ги пријавила. Кажуваа старите дека тоа така било, децидно вели чичко Ангел. Така запомнил – така и раскажува.

И нешто подоцна на 27 април  надошол турскиот аскер, од кај местото Вртеник, од кај Турско Рударе, од каде веќе се гледало Рајчани, продолжи понатаму со раскажувањето осумдесетгодишниот  највозрасен жител на Рајчани.

Карев токму таму оставил свој човек, извидник, да внимава и јави доколку види нешто сомнително. Како што кажува чичко Ангел, комитата бил качен на брест, подобро да набљудува.

Тогаш низ Рајчани минувале Турци – свадбари. Оделе по невеста во селото Бање. И тие и војниците биле со коњи, така што стражарот  додека слегол од брестот и потрчал кон куката каде што бил војводата Никола Карев за да му јави, тие веќе биле таму. Турската војска веќе почнала со пукање, се слушале истрели. Карев и четата се повлекуваат кон Свиланово, следени од оган од пушките на аскерот.

-Таму имало влашко трло, некој Влав си чувал овци. Се засолниле во трлото. Од правец на Бање веќе дошла и друга војска, трлото било опкружено. Комитите и Карев сватиле дека се сардисани.

Тогаш, како што раскажува чичко Ангел, Карев се обидел да фрли бомба надвор од трлото и да предизвика неред и страв кај турските војници. Но, за несреќа, бомбата удрила во кривилото од трлото и се вратила наназад. Експлодирала внатре, наместо надвор од трлото.

-Што натаму се случувало никој во селото и тогаш и сега не знае да каже. Кој можел – побегнал. На Никола Карев трагата не му е најдена. Не се знае дали останал во колибата или успеал да се извлече, па потоа бил убиен, раскажува чичко Ангел.

Како што кажува тој, ниту гробот на Карев во Свиланово не му се знаел, доколку бил таму. Траг немало. Каде било телото на Карев, во Рајчани никој не знаел.

Подоцна,чичко Ангел не знаеше да каже точно кога, човек од Рајчани, орајќи, наишол на коски во Свиланскиот дол што ги донела надојдена вода. Веднаш за ова било јавено во Кочани, од каде дошле луѓе и коските ги однеле на вештачење.

-Велат биле на Никола Карев, не знам дали е така. Човекот што ги нашол коските во Свиланскиот дол одамна е починат,  рече чичко Ангел одговарајќи на нашите потпрашања дали тогаш се знаело каде се закопани останките на претседателот на Крушевската Република.

-Она што го знам, ви го кажав. Другото е историја, ни рече на крајот осумдесетгодишниот човек од Рајчани завршувајќи ја приказната за Никола Карев, онака како што ја запаметил  во детството, според  прикажувањата  на најстарите.

Слична приказна, во пократки црти, за последниот ден од животот на Никола Карев во Рајчани, ни кажаа луѓето што ги затековме во просторија на црквата „Св. Троица“. Се подготвуваа токму за одбележување  на 121 годишнина од смртта на еден од идеолозите на Илинденското востание.

Во Рајчани нема никакво обележје за Карев, поради што селаните се незадоволни. Ним им остануваат само спомените за него, горди се на претседателот на Крушевската Република иако само еден ден престојувал во селото враќајки се од Бугарија кон Крушево.

Спомен парк посветен на Карев со мало  спомен обележје има во Свиланово, каде гинат тој и поголемиот дел од комитите. Спомен  парк со биста на Карев има и на влезот во селото Тркање пред ресторанот „Сина птица“.

Во Кочани има негов споменик во Паркот на Револуцијата и повеќе помали спомен бисти на различни кокации.

Годишнината од погибјето на претседателот на Крушевската Република за градот и кочанчани е еден од најзначајните датуми што се одбележува со пиетет.

извор:МИА

Годишнина од смртта на Никола Карев: Симболот на македонската револуционерна борба

Најнови вести од: Македонија

МВР ги истражува свирежите за македонската химна и националистичките испади на финалето Силекс-Шкендија и веењето странски знамиња на протестот во Скопје!

Исвиркувањето на државната химна на Република Македонија на вчерашното финале од Купот на Македонија помеѓу Силекс и Шкендија, како и националистичките скандирања и транспаренти, сега се цел на проверки на МВР. Од МВР истакнуваат дека се преземаат активности за утврдување на можни прекршувања на јавниот ред и мир.

После неколку банални изговори, СДСМ избега од дебата за буџетот, обвини ВМРО-ДПМНЕ

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојановски, кој претседава со Комисијата за финансирање и буџет, го оцени повлекувањето на СДСМ од Комисијата како немање аргументи. Според Стојановски, СДСМ избегале од дебата, а демаскирани се и информациите што ги пласирале дека ќе дојде до крах на пензискиот систем, дека Буџетот нема да може да ги издржи покачувањата на платите.

Без стабилно финансирање нема суштински реформи во МРТ

На отворената седница на Програмскиот совет на МРТ, на која претставници на медиумската заедница и институциите разговараа за иднината на јавниот сервис, неговите развојни приоритети и потребата од суштински реформи, беше отворено и сериозно прашање поврзано со финансирањето на МРТ, Македонска радиодифузија и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Од страна на претставник на […]

(Фото): Колку внимаваат граѓаните кога купуваат нов стан?!

Комората на друштва за геодетски работи, во соработка со Стопанската комора на Македонија почна кампања со цел подигнување на јавната свест од важноста и значењето на уредувањето на сопственичките права на сопствениците на недвижен имот. Кампањата, насловена „Провери. Потврди. Поседувај. Твојот имот, твоја сигурност“, ќе биде исклучиво насочена кон постојните и идни сопственици на недвижен имот (граѓани и правни субејкти), со цел да се укаже на потребата од правилно и непречено користење на имотот, како и негово правилно управување, оттуѓување и купување.

Филипче го повика Мицкоски заедно да ги стават Бугарите во Уставот и да ја поделат одговорноста! Сигурен е дека „нема да се случи ништо со нашиот идентитет и јазик“!?

Лидерот на СДС Венко Филипче денеска ги повика премиерот Христијан Мицкоски и власта заедно со него да ги направат уставните измени и при тоа да ја споделат одговорноста за тој чин. –Сакам да знае дека ја споделуваме одговорноста за било што, што понатаму ќе се случува во текот на преговорите. Иако сум прилично сигурен дека нема да се случи нешто што ќе задира во нашиот идентитет, јазик, култура и така натаму, сепак ја споделуваме одговорноста и заеднички учествуваме во целиот процес на водење на преговорите – рече Филипче. Тој не појасни како замислува „заеднички да ја споделувале одговорноста со власта“?

Вреди: Агата Али Ахмети и милионерите од криминалното раководство на ДУИ –Соравија немаат морална доверливост да говорат во името на Албанците!

Партијата ДУИ-„Соравија“ и милионерите создадени преку ноќ е последната што може да зборува за албанскиот интерес. Тоа се луѓето кои 20 години живееја во политички агалак на грбот на Албанците. Јадеа, пиеја, се богатеа, градеа коцкарски и бизнис империи и се однесуваа како државата да е нивна приватна сопственост, додека на Албанците им оставија само измами, пропаганда и лажен патриотизам, нагласува партијата Вреди во своето соопштение.

Мерц бара нова, динамична и иновативна стратегија за забрзување на проширувањето на ЕУ, а Западниот Балкан да добие привилегиран статус и постепена интеграција!

Германскиот канцелар Фридрих Мерц упати официјално писмо до лидерите на Европската Унија во кое предлага нова, динамична и иновативна стратегија за забрзување на процесот на проширување. Планот, во кој увид имаа меѓународните медиуми, предвидува постепена интеграција и привилегиран пристап до клучните европски механизми за земјите од Западен Балкан и Молдавија, додека за Украина се предлага специфичен статус на „придружно членство“.

„Курир“: Бандата на Филипче, Заев, Шмрчко, Жерновски, од „државотворна“ станаа патолошка партија! – Врескаат против Савески, кој нема никаква партиска врска како нивните обвинителски ајвани!

„Нов ден, нов пораз и доказ за лажните вести за СДС и Венко Филипче. Се случи нов демант на лажните вести и клевети на подизведувачите на Заев. СДС и Венко пак се изругаа: Јавното обвинителство ја отфрли како неоснована инфантилната кривична пријава против премиерот Мицкоски, во која тие небулозно инсинуираа дека по неговата изјава за неговото ‘чувство’ следува период на кривична одговорност за криминалите и висока корупција на поранешни премиери, министри и функционери (читај Филипче, Заев, Спасовски, Ковачевски, николовски и останата банда).“ – пишува порталот „Курир“ во својот редакциски коментар.

Најнови вести

To top