Македонија

Живко Митрески со судска одлука се враќа на чело на ССМ?!

Митрески вели дека следен негов чекор ќе биде да се врати во синдикатот и да изврши консолидација. За актуелниот претседател на ССМ Слободан Трендафилов вели дека има тотално непознавање и не знае да води синдикална организација.

Живко Митрески, кој ја извршуваше функцијата претседател на Сојузот на синдикати на Македонија до 2017 година, на прес-конференција соопшти дека Граѓанскиот суд во Скопје донел пресуда со која се потврдува дека бил незаконски сменет и дека сите одлуки што од тогаш до денес се донесени од страна на ССМ, се ништовни.

Во пресудата стои дека за ништовна се смета одлуката за избор на претседател на ССМ од 6.12.2017 година донесена на вонредниот конгрес на ССМ одржан на 6.12.2017 година и дека ништовни се и сите дејствија и донесени акти превземени од сега починатиот Дарко Димовски.

  • Кога вие ќе утврдите ништовност на неговата промена, се враќаме во поранешната состојба. Претседателот доаѓа на својата функција и врши ревизија на сето што е понатаму направено, а тоа по став 2 јасно го кажува судот, велејќи дека се утврдува ништовност и на сите дејствија и донесени акти после 2017.

Значи кога нешто се носи како ништавност, е од моментот на неговото донесување – 2017 година. Се после него по начелото на акцисорност отпаѓа. Нормално после тоа синдикатот работи, носел одлуки. Затоа ќе се повика Државната ревизија, ќе направат длабинска стручна ревизија, да се утврдат недоследности, а сите донесени одлуки од нелегитимно избраните раководства, ќе подлежат на верификација на легално избраниот синдикат, појасни адвокатот Сашко Станинов на прес-конференцијата.

Митрески вели дека следен негов чекор ќе биде да се врати во синдикатот и да изврши консолидација. За актуелниот претседател на ССМ Слободан Трендафилов вели дека има тотално непознавање и не знае да води синдикална организација.

  • Жалам што во тој момент не направивме приправнички испит да видиме колку знае бидејќи покажа тотално непознавање за водење на една ваква историска организација – рече Митрески.

Митрески посочува дека пресудата не се однесува на лично на Дарко Димовски, туку на функцијата.

Митрески беше претседател на ССМ до 2017 година кога го наследи Дарко Димовски, а по неговата смрт, за нов претседател на ССМ беше избран Слободан Трендафилов кој сега ја извршува функцијата претседател на ССМ.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Филипче лаже за Алта банка – немало забрана за работа во ЕУ за банката, тврди ВМРО-ДПМНЕ

Портпаролот на партијата, Валентин Манасиевски, на прес-конференција го обвини претседателот на СДСМ, Венко Филипче, дека шири невистини за банката и за нејзиниот сопственик Давор Мацура.

(Видео): СДСМ поднесе кривична пријава за Трајко Славески – бара да му се воведат мерки на претпазливост

СДСМ бара мерки на претпазливост за Трајко Славески и за останатите лица, вклучително привремена забрана за вршење должности на сите инволвирани, за, како што рече Димитријевиќ, да се спречи влијание врз сведоците и можно уништување на документацијата.

Стојаноски: СДСМ бега од вистината за Алта банка, бараме итно продолжување на надѕорната расправа

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски денеска изјави дека СДСМ одбива да свика продолжение на надѕорната расправа за Алта банка, по вчерашните случувања на седницата.

Порибено Преспанското Езеро со речиси 7 илјади млади крапови

Порибувањето е спроведено од страна на регистрираното мрестилиште „Акватика“ од Неготино за чија реализација се обезбедени 500.000 денари од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство преку Програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата за 2026 година.

„Н.М.“: Пукнатините во ЕУ се сè подлабоки! Каква доверба во неа да има Македонија, кога чека со години пред нејзините врати?!

Европа сè поретко е на главните маси на кои се носат важните геополитички одлуки, а сè почесто е во улога на набљудувач, коментатор или спореден учесник на настаните. Земјите- членки на ЕУ ја користат секоја можност пред донесувањето на заедничките одлуки да се осврнат на своите национални потреби како приоритетни, дури и кога станува збор за интереси на целата Унија. Во ЕУ се редат закани со блокади, финансиски условувања и национални калкулации. Каква доверба во таква Европа треба да имаат земјите кандидати, што со години чекаат пред нејзините врати? – ова се истакнува во анализата со наслов „Пукнатините во ЕУ сè повеќе се продлабочуваат! “, која е објавена во весникот „Нова Македонија“.

Савески: Јавното обвинителство ќе постапува по секоја кривична пријава поврзана со Алта банка!

„Ќе мора и надлежниот обвинител да ги провери наводите и да преземе соодветни истражни дејства.“ – истакнува државниот јавен обвинител Ненад Савески во интервјуто за емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, кое ќе се емитува вечерва во 21:30 часот.

Ѓула Челику: Длабока е болката кога Албанците од „РСМ“ се етикетираат како Македонци, не треба да ја забораваат Албанија без оглед каде живеат!

„Длабока е болката кога Албанците од С.Македонија се етикетираат како Македонци, како да е нашиот национален идентитет административен избор, или прашање, кое другите можат да го одлучат за нас. Но, болката станува уште поголема кога ова негирање е прифатено, поддржано или промовирано од оние, кои треба да го бранат албанството!“ – пишува Ѓула Челику во својата колумна со наслов „Да бидеш Албанка од С.Македонија“, која ја објави информативната агенција на албански јазик „Илирија-ИНА“ од Скопје. Ѓула Челику е доктор по политички науки, професорка во државниот универзитет во Тетово, основач и претседател на политичката партија Европско граѓанско движење во Република Македонија

To top