Македонија Бизнис

Живот на кредит – за што граѓаните најмногу се задолжуваат?!

НБРМ укажува дека и кредитите на домаќинствата имаат и месечен и годишен раст. На месечна основа задолженоста на домаќинствата пораснала за 1,2 отсто, додека пак на годишна за 10,3 проценти. Бројките покажуваат дека најголем интерес меѓу нашите сограѓани имаат за потрошувачките и станбените кредити.

Македонските граѓани и компании не се откажуваат од кредитите и продолжува трендот на раст на задолженоста. Најновите податоци на Народната банка на Македонија откриваат дека заедно граѓаните и компаниите на банките им должат 522,463 милиони денари или 8,4 милијарди евра, пренесе Фактор. За споредба во првиот месец од годинава, или во јануари вкупната вредност на кредитите достигнуваше 8 милијарди евра.

Традиционално граѓаните должат повеќе од компаниите и нивниот долг во месец јуни достигнал 262,605 милиони денари или 4,27 милијарди евра. Компаниите должат нешто помалку или 257,315 милиони денари односно 4,1 милијарди евра.

Сепак, забележиво е дека во последните месеци расте кредитирањето на корпоративниот сектор со позабрзано темпо од претходно.

  • Во јуни 2025 година, вкупните кредити се зголемени за 1,6 отсто и 13 проценти на месечно и на годишно ниво. Притоа, месечниот и годишниот раст се резултат на зголемените кредити на двата сектора, при поизразен придонес на кредитите на корпоративниот сектор – укажуваат од Народна банка во нивниот последен извештај.
Понатаму е истакнато дека кредитите на корпоративниот сектор во јуни имаат раст на месечно ниво од 2,1 проценти, но на годишно ниво од 16 проценти. Притоа, месечната и годишната промена во целост се должат на зголеменото кредитирање во денари, при остварен пад на кредитите во странска валута. Од НБРМ укажуваат дека и кредитите на домаќинствата имаат и месечен и годишен раст. На месечна основа задолженоста на домаќинствата пораснала за 1,2 отсто, додека пак на годишна за 10,3 проценти. Бројките покажуваат дека најголем интерес меѓу нашите сограѓани имаат за потрошувачките и станбените кредити. Овие две категории се најзастапени и имаат месечен раст од 1 процент кај потрошувачките кредити и 1,4 отсто кај станбените кредити.

Од друга страна кај потрошувачките кредити има годишен раст од 9,8 отсто, додека кај станбените кредити дури 15 проценти. Бројките говорат дека само за потрошувачки кредити граѓаните должат 2,1 милијарди евра. Што се однесува пак за станбените кредити долгот на граѓаните по овој основ достигнува 1,6 милијарди евра.

Автомобилските кредити спротивно на претходните, не се примамливи за населението и кај нив се забележува пад од 0,1 отсто на месечна основа, и 2,8 проценти на годишна основа. Раст има и кај кредитите одобрени на кредитните картички и негативните салда на тековните сметки кои бележат месечно зголемување од 0,2 проценти и 3,7 отсто. На годишно ниво кредиите на кредитните картички се зголемиле за 7,6 проценти, додека негативните салда за 4,2 отсто.

Кредитите одобрени врз други основи, во јуни, бележат месечен и годишен пад од 1,4 отсто и 8,5 проценти.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

(Видео): Камен-темелник за „Чебрен и Галиште“ в година – инвестиција од една милијарда евра

Проектот Чебрен и Галиште по децении чекање конечно ќе се реализира. Премиерот Мицкоски е оптимист дека ќе се најде инвеститор и дека камен темелник би можел да се стави веќе наредната година.

(Фото): Во Македонија една третина од смртните случаи се од кардиоваскуларни заболувања

Од кардиоваскуларни заболувања минатата година во земјава починале 6.888 лица, а овие заболувања учествуваат со 34 отсто во вкупниот морталитет. Со стапка на смртност од 378,4 на 1.000 жители, кардиоваскуларните заболувања се на прво место меѓу причините за смртност.

Поплавена зградата на „Нова Македонија“

Пет до шест дена ќе бидат потребни за нормално функционирање на зградата на „Нова Македонија“, откако е утврдено дека поплавата ја предизвикала пукната топловодна цевка на вториот кат, изјави директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата, Ивица Томовски.

Финансискиот систем стабилен, умерени ризици кај домаќинствата и кај фирмите

Финансискиот систем во земјава ги задржа стабилноста и отпорноста во 2025 година, и покрај неизвесноста во глобалното окружување, оцени Советот на Народната банка при усвојувањето на извештајот за финансиската стабилност.

Стојков: Грција и Бугарија ќе го користат примопредавањето на моштите на македонскиот цар Самуил за пропаганда против Македонија!

„Свечената“ објава на бугарскиот премиер Румен Радев дека в сабота, на 3 октомври, Грција ќе ѝ ги предаде посмртните останки од цар Самуил (починат 1014 година), одекна не како историско-научна сензација, туку токму така како што беше и конструирана – со политичко тенденциозност спрема Македонија. Ова се нагласува во статијата со наслов „Стојков: Не е сигурно дека моштите се на цар Самуил, а Бугарија и Грција немаат ни правна основа за нивно примопредавање“, која ја објави информативниот портал „МКД.мк“

(ВИДЕО) Разбиена е криминалната и терористичка група од Скопје, кај која е пронајдено знаме на „Исламска држава“! – Кривична пријава за тројца (Видео)

МВР информира дека вчера Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во соработка со Агенцијата за национална безбедност, Одделот за специјални полициски операции и СВР Скопје, под раководство на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, спроведе координирана полициска акција, во која е сузбиена организирана криминална група од Скопје, инволвирана во вршење на кривични дела од областа на тероризам и недозволена трговија со оружје.

Мицкоски: Во судството има измеќарско малцинство, кое им слугува на СДС и ДУИ

Говорејќи за правосудството во емисијата „Под лупа“ на ТВ „Алфа“, претседателот на Владата Христијан Мицкоски истакна дека таму, покрај огромното мнозинство чесни луѓе, постои и измеќарско малцинство, кое им слугува на СДС и ДУИ.

To top