Oпструирајќи го предлог-законот за јавно обвинителство, СДСМ директно ја кочи реформската агенда, обвинува движењето ЗНАМ.
„Опозициската СДСМ уште еднаш покажа дека партиските калкулации ги става пред државните интереси и пред потребата од вистински реформи во правосудството.
Наместо да дадат конструктивен придонес, СДСМ одлучија да стојат на страна и да ја кочат реформската динамика, соопшти ЗНАМ.
Предлог-законот за јавното обвинителство – закон кој е дел од реформската агенда и кој помина низ јавна расправа со вклученост на експерти, обвинители, адвокати и професори, претставува јасен сигнал дека не постои искрена волја кај нив за унапредување на владеењето на правото.
Овој закон е резултат на широк и инклузивен процес, базиран на стручни аргументи и практични искуства. Во процесот на подготовка на законот беа вклучени препораките на релевантни меѓународни тела и институции, како и насоките од реформската агенда во областа на владеењето на правото, што дополнително ја зајакнува неговата кредибилност и усогласеност со европските стандарди.
Со ова декларативно лицемерие СДСМ покажува дека се во истото руво од времето кога се самоамнестираа од сторениот криминал во периодот на седумгодишното владеење, преку измените на Кривичниот законик.
Сега, дополнително се ставаат во функција на заштита на својот криминал, нелегално стекнатите милиони на Венко Филипче и Зоран Заев.
Со сите сили продолжуваат да ги штитат “нивните” обвинители кои тие ги наместија на позициите.
Затоа денес СДСМ уживаат рејтинг кај граѓаните помал од 5%“, порачува ЗНАМ.