Македонија

Зошто пред секои избори судбината на 10 илјади вработени се доведува во прашање?

Од Здружението велат дека нивните членови не се ниту деликвенти, ниту криминалци, како што сака некој да наметне впечаток во јавноста

Стана непишано правило пред секои избори, без разлика кој е власт, а кој опозиција, да се предлага нов закон за игри на среќа. Политичарите се убедени дека обезбедуваат повеќе гласови ако предлагаат што е можно порадикални решенија за иднината на овој економски сектор. Притоа, воопшто не водат сметка за последиците кои ќе ги предизвикаат. Албанските политички фактори отворено заговараат затворање на сите објекти на игри на среќа. И тоа во две фази, прво намалување на постојните објекти за половина, па потоа целосно нивно затворање. Затоа, многумина од нас со право почнуваат да се прашуваат дали Македонците во сопствената земја немаат право на сигурна егзистенција? Дали ќе се предлагаа вакви законски измени ако се однесуваа на работодавец во кој доминантно се вработени припадници на друга помала етничка заедница? Дали во овој приватен сектор може треба да се воведе „балансер“ за да може да опстои?, прашуваат од Здружението на вработени во сектор игри на среќи „Сакам да работам“.

Од Здружението велат дека нивните членови не се ниту деликвенти, ниту криминалци, како што сака некој да наметне впечаток во јавноста.

-Меѓу нас има многу родители и тоа на малолетни деца, ученици и тинејџери во развој. Не прифаќаме дека ние сме главниот извор на закана кон младината. Работиме во компании со капитал од западниот демократски свет, поминуваме строги обуки и стекнуваме највисоки професионални вештини. Работиме исклучиво законски. Неизвесноста, правната несигурност и постепеното затворање на легалните објекти за игри на среќа ќе создаде услови за иселување надвор од Македонија, каде илјадници вработени од овој сектор заедно со своите семејства ќе си ја бараат егзистенцијата во земји членки на ЕУ, каде ќе бидат пречекани со отворени раце, да работат во нивните објекти за игри на среќа. А политичарите нека ги погледнат примерите со Албанија. Во октомври 2022, албанската Влада соопшти дека после четири годишната забрана ги враќа игрите на среќа. Образложението на нивниот премиер Еди Рама е дека после забраната, игрите на среќа во Албанија почнале да се одвиваат на црно и дека повторното отворање на индустријата значително ќе и помогне на албанската економија. Конечното затворање на легалните игри на среќа ќе предизвика отпуштање на 10 илјади вработени, што статистички значи дека тоа се најмалку 35 илјади нови кандидати за иселување од Македонија. Државата ќе изгуби најмалку 280 милиони евра буџетски приходи на годишна основа. Ќе се затвори целосно законска економска гранка што ќе предизвика отворање играње на црно во подрумски простории, како децении наназад. Државата ќе нема ниту контрола, ниту ќе остварува буџетски приливи. Приходите ќе завршуваат во приватни џебови, без да се плаќаат лиценци и даноци, се наведува во нивното соопштение.

Од Здружението додаваат деа нема да бидат неми набљудувачи на политичките игри со нашите судбини и ќе се борат со сите демократски средства за нивното уставно загарантирано право на работен однос, без разлика на етничка, верска или политичка припадност

Најнови вести од: Македонија

Судскиот совет му го одзеде имунитетот на судијата Ѓоко Ристов, се бара и куќен притвор

Единицата за корупција во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО ГОКК поднесе кривична пријава против судијата Ѓоко Ристов од Неготино, со живеалиште во Скопје, поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела „противправно стекнување и прикривање имот“ по чл.359-а ст.3 в.в. ст.1 и „перење пари и други приноси од казниво дело“ по чл.273 ст.1 од КЗ.

Тестирање на камерите на „Безбеден град“ уште некој ден – наскоро ќе фрчат кази за прершителите

Од сега до 31 јануари ќе се врши тестирање, калибрација и верификација на уредите поставени за надзор на сообраќајот во рамки на проектот „Безбеден град. Од МВР информираат дека тестирањата ќе се реализираат секој ден, од 08:00 до 20:00 часот, при што за време на овие активности нема да биде дозволено поминување на возила додека не заврши постапката.

МВР со детали: Како е откриено местото каде судијата Ристов криел 350.000 евра?!

На 18.01.2026, врз основа на наредба издадена од судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје, во координација со предметен јавен обвинител извршен е претрес во домот на родителите на судијата Ѓоко Ристов во Неготино. На првиот кат, во кујнската просторија, биле забележани сомнителни околности за изведување градежни активности (корекција на ѕидните плочки), по што при отстранување на ѕидна керамичка плочка, забележана е дупка, во која се наоѓале алуминиумски ролни во форма на цилиндер, спакувани во поединечни 13 пакувања, во кои пронајдени се вкупно 610 банкноти од по 500 евра и 225 банкноти од по 200 евра, или вкупно 350.000 евра.

Вреди: Судијата Ристов беше дел и од судските одлуки, што го отворија патот за слобода за Сашо Мијалков

Веста дека кај судијата Ѓоко Ристов се најдени 350 илјади евра, пари осомничени за корупција, не е само индивидуален скандал. Оваа вест ја уништува дури и последната доверба што граѓаните ја имаа во правосудниот систем, се вели во соопштението на „Вреди“ од денешната прес-конференцијата на нивниот портпарол Дритон Сулејмани.

МВР предупредува: Не отворајте лажни смс-пораки, наводно од „Безбеден град“, не давајте лични податоци!

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изминатиов период е забележана појава на фишинг напади кои се изведуваат преку лажни СМС пораки, електронски пораки, веб-страници и пораки на социјалните мрежи. Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи продолжува со активни истраги и преземање мерки за откривање и санкционирање на сторителите на ваков вид измами.

Најнови вести

To top