Македонија

Зошто се „растрча“ Али Ахмети на средби со членови на Конгресот, веднаш откако САД објавија дека нема да интервенираат повеќе во Балканот?!

Делегација на ДУИ предводена од Али Ахмети во посетата на Конгресот, само неколку дена откако Стејт Департментот на САД соопшти дека САД ја менува својата доктрина за Балканот!

Делегација на Демократската унија за интеграција (ДУИ), предводена од претседателот Али Ахмети, вчера имала средба со конгресменот Кит Селф, претседател на Поткомитетот за Европа во Конгресот на Соединетите Американски Држави. „На средбата се разговарало за политичките случувања во С.Македонија, значењето да се зачува Охридскиот мировен договор, како и за сериозната загриженост околу неговата ерозија во државните институции.“ – со овие тврдења се огласи ДУИ во своето соопштение за споменатата средба. .

„Соговорниците истакнаа дека Охридскиот договор останува темел на мирот, соживотот и мултиетничката демократија во земјата, но и една од најзначајните стратешки инвестиции на Соединетите Американски Држави во регионот. Претседателот Ахмети изрази благодарност за улогата и континуираната посветеност на САД во поддршката на стабилноста, безбедноста и евро-атлантската ориентација на С.Македонија и Западен Балкан“, соопшти ДУИ.

Посетата на Конгресот на ДУИ уследува неколку дена откако Стејт Департментот на САД соопшти дека САД ја менува својата доктрина за Балканот. „Соединетите држави ја напуштаат политиката на градење држави и интервенционизам во Западен Балкан и се свртуваат кон соработка, со посебен акцент на Босна и Херцеговина и реализацијата на Јужната гасна интерконекција со Хрватска“, се наведува во извештајот на американската администрација до Конгресот за односот со Западен Балкан.

„Заврши ерата на американската политика на градење држави“, се наведува во извештајот на Стејт департментот до Конгресот на САД, објавија во неделата хрватски медиуми. Со тоа се потврдува свртувањето на американската администрација кон овој дел од светот, наведувајќи дека нивната политика повеќе не е фокусирана на „спасување или реконструкција“, туку на стабилност и заемно полезно партнерство.

Најнови вести од: Македонија

Предлог упатство за однесување со политички позери без перспектива

Некогаш силната, а сега испустена опозициска партија ги урива сите мостови меѓу себе и гласачкото тело. Уште полошо, меѓу себе и реалноста. Раководствто на СДСМ одбива да го види она што се гледа од вселената, дека ужасно длабоко е потонато во безидејност, некадарност, политичка недугавост, автодеструктивен инает кој полека се отелотврува во соголено национално предавство

Реакција на Групата „12:05“: Филипче е во паника, зашто се одмотува клопчето и излегува на виделина највалканиот политички дил од независноста до денес!

Во врска со денешната прес конференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, Организаторите на „Разговори за иднината во 12:05“ се огласија во јавноста со писмена реакција, во која му порачуваат на Филипче дека е „дефинитивно заскитан во СДСМ“.

Венко губи (само)контрола и затоа на сопартијците им се закани со „Ќе ве згазам како шлепер жаба“?!

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференција во Собранието, упати порака до членовите на Платоформата ЗНАМ 2.0 или да помогнат, да се вклучат во партиските активности или да се тргнат од патот. „Тие што ќе ја погребаа партијата нека не држат лекции: или нека помогнат, или нека ми се тргнат од патот!“

Мицевски: Дали Филипче е уценет, па затоа покажува толкава нервоза околу Бугарија и го навредува Мицкоски со „идиот“?!

Координаторот на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија Никола Мицевски реагираше остро во врска со скандалозната изјава на лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, кој упати тешки навреди во говор на омраза кон македонскиот премиер и лидер на владеjачката ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски

Клековски: Неразбирливо е зошто речиси 18 месеци нема договор за одржување на „Мој термин“!

Неразбирливо ми е зошто речиси 18 месеци нема договор за одржување на електронскиот систем за закажување термини „МојТермин“. Веќе побарав од нашите служби да подготват јавен повик за две години, бидејќи сметам дека едногодишните договори не го обезбедуваат континуитетот што ни е неопходен за да ги направиме промените, истакна денеска министерот за здравство Сашо Клековски.

Веро Центар домаќин на Интернационалниот гастро фестивал „ИНТЕРФЕСТФУД 2026

Веро Центар на 3 и 4 октомври 2026 година ќе биде домаќин на Интернационалниот гастро фестивал „ИНТЕРФЕСТФУД 2026“, дводневна манифестација посветена на гастрономијата, традиционалната кујна, кулинарските вештини, едукацијата и хуманоста

Најнови вести

To top