Или неговиот адвокат и роднина Горан Заев не го знае законот или пак екс премиерот Заев има своја тајна и перфидна агенда во тужбата против кардиохирургот Жан Митрев и пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски.
Во тужбите кои ги објави на Фејсбук Зоран Заев откри дека тие се поднесени во неговиот роден град каде тој и неговото семејство се главни фактори на моќ речиси 30 години.
Ако се претпостави дека неговиот адвокат Горан Заев има елементарно познавање на правото и знае што е месна надлежност на судовите тогаш логично е да се дојде до суштински заклучок зошто Зоран Заев сака судењето да се случи во неговиот град.
Познавачи на македонскиот правосуден систем сметаат дека Заев сака судењето против Жан Митрев и Бране Петрушевски да се случува во Струмица, меѓу судии кои ги познава и со кои, ако не тој, тогаш негови блиски луѓе имаат интимни односи.
Во релативно мал град како Струмица каде сите се познаваат, речиси извесно е дека некој од блиските роднини на Заев има роднинска, пријателска, сватовска или бизнис врска со блиски на судијата кој ќе го суди случајот и со тоа Заев може да оствари директно влијание на процесот.
Како ќе биде судијата или судијката непристрасен ако блиски роднини на судиите се вработени во фирмите на Зоран, Трајче или Вице, прашува познавач на состојбите во Струмица и општо на односите во урнисаното македонско правосудство.
Обидот на Заев да ги тужи Жан Митрев и Бране Петрушевски во Струмица е спротивен на законот.
Според членот 22 од Законот за граѓанска одговорност, односно за клевета и навреда во ставот 3 јасно се укажува дека судењето не смее да се случи во Струмица.
Законот предвидува ако навредата или клеветата е сторена преку средство за информирање, месно надлежен е судот во кое се наоѓа неговото седиште.
Ако неговото седиште е во странство, надлежен е судот на чиешто подрачје се наоѓа седиштето на дистрибутерот на средството за информирање.
Во случајот со Жан Митрев кој наводите за Заев и Филипче ги даде преку ТВ Алфа ТВ која нема седиште во Струмица, судењето мора да се случи во Скопје каде е седиштето на телевизијата.
Слично е и со Петрушевски, неговата прес конференција ја пренесоа медиуми од кои само неколку имаат седиште во Струмица.
Друга причина зошто судење на Митрев и Петрушевски би била фарса е тоа е што во Струмица нема судии кои се специјализирани за клевета и навреда какви што има во Скопје.