Регион

Белград под вода: Силно невреме во главниот град на Србија (ВИДЕО)

Невреме проследено со обилни врнежи од дожд и силен ветер попладнево ги погодија Белград и околината, а на некои места паѓаше град со големина на орев. Тоа предизвика хаос во главниот град на Србија, со лизгави улици, оштетени возила, паднати гранки и проблеми во сообраќајот, дури и на автопатот. Министерството за внатрешни работи и Републичката […]

Невреме проследено со обилни врнежи од дожд и силен ветер попладнево ги погодија Белград и околината, а на некои места паѓаше град со големина на орев.

Тоа предизвика хаос во главниот град на Србија, со лизгави улици, оштетени возила, паднати гранки и проблеми во сообраќајот, дури и на автопатот.

Министерството за внатрешни работи и Републичката хидрометеоролошка служба издадоа итно метеоролошко предупредување за лоши временски услови, а лансиран е и системот за пренесување СМС-информации за итни случаи до граѓаните.

Видеа на линковите:

https://www.instagram.com/reel/DKAA2cXIfBi/?utm_source=ig_web_copy_link

https://www.instagram.com/p/DJ_6TOSoRSz/?utm_source=ig_web_copy_link

https://www.instagram.com/reel/DKAFEyBobHe/?utm_source=ig_web_copy_link

Најнови вести од: Регион

Вучиќ и Рама заеднички бараат влез во ЕУ по пат на „делумна интеграција“ и без право на вето!

Српскиот претседател Александар Вучиќ и албанскиот премиер Еди Рама се огласија со заеднички предлог за забрзана интеграција на Србија и Албанија во Европската Унија, но според модел што не нуди веднаш целосни членски права. Во заедничка колумна, објавена во германскиот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“, двајцата предлагаат постепено вклучување во единствениот европски пазар и во Шенген како меѓучекор до полноправно членство. Остануваат дилемите колку „делумната интеграција“ е промислен чекор кон ЕУ, или е избрзано прифаќање „членство од втор ред“ за земјите што со години, па и децении чекаат интегрирање во „европското семејство“ но преку полноправно членство. Македонија е веќе 21 година кандидатка за влез во ЕУ.

„Доаѓаме: Група блиска со иранските власти му се заканува на Балканот

хакерската група изјави дека нападите врз институциите во Албанија се извршени за да се казни нивната одлука да ја засолнат иранската опозициска група Моџахедин-е-Калк (MEK), позната и како Народна муџахединска организација на Иран

Македонска Фејсбук-страница го тресе врвот на словенечката влада: „Маски паднаа“ со аудио-разговори

Фејсбук-страница администрирана од Македонија се најде во центарот на голем политички скандал што ги тресе словенечките политички кругови во последните денови

To top