Регион

БГНЕС: Според српски полковник, Бугарите се „геноциден народ“

Српскиот полковник и професор Милоје Прушиќ објави книга „Војната против Србија 1914-1918: Геноцид врз српскиот народ“. Книгата беше презентирана на бројни офицери на српската армија и разни партизански здруженија во Домот на армијата во Врање, објави БГНЕС. Според авторот, книгата е „документарна анализа на злосторствата извршени врз Србите за време на Првата светска војна и […]

Српскиот полковник и професор Милоје Прушиќ објави книга „Војната против Србија 1914-1918: Геноцид врз српскиот народ“. Книгата беше презентирана на бројни офицери на српската армија и разни партизански здруженија во Домот на армијата во Врање, објави БГНЕС.

Според авторот, книгата е „документарна анализа на злосторствата извршени врз Србите за време на Првата светска војна и ја открива вистината за страдањата на српскиот народ“.

Книгата е поделена на 3 дела, од кои два се поврзани со „геноцидот извршен од Бугарите и Германците“ во наведениот период.

Полковник Прушиќ рече дека книгата е „одговор“ на минатогодишната иницијатива на Германија да ги дефинира како геноцид масакрите во Сребреница во 1995 година (над 9.000 луѓе) од страна на Армијата на босанските Срби, пренесува БГНЕС.

Најнови вести од: Регион

Грчките археолози не го даваат „за џабе“ Самоил на Бугарија

Претседателот на Здружението на грчки археолози, Јанис Карлиампас, вели дека „ова е… еднострана размена, а реликвиите што треба да ги добиеме назад (од Бугарија) се резултат на грабеж и мора да бидат вратени во целост…

„Политико“: Брисел му нуди на Скопје „добредодојдовте во чекалницата!“, но Муцунски бара „многу понапредна позиција отколку сега“!

„Од Брисел порака: ‘Добредојдовте во чекалната’! Тоа ги вклучува Косово и Македонија, обете на распоредот на Урсула фон дер Лаен , заедно со фаворитите Албанија и Црна Гора. По ова предизвикот за Лаен е да ги убеди дека Брисел не создава кандидати за ЕУ втор ред.“ – објави денес европскиот аналитички магазин „Политико“ во својата анализа со наслов „Западниот Балкан надежно ги застапува своите ставови“. Од друга страна, информативната агенција „Нетпрес“ јавува дека „ЕУ нуди ограничен пристап до заедничкиот пазар на земјите-кандидатки, ако се против Русија и Кина“!

Најнови вести

To top