Регион

Бугарскиот вицепремиер Караџов: Големи економски загуби за сите од блокадата на границите со Србија и Македонија

Економските загуби за сите земји, не само за Бугарија, ќе бидат многу големи од блокадата на границите со Србија и Република Македонија, изјави денеска вицепремиерот и министер за транспорт и врски во оставка, Гроздан Караџов, за време на Софискиот економски форум, пренесува БТА.

Караџов дополни дека „ваквите блокади, покрај кршењето на некои од основните права, правото на слободен премин и правото на слободен транспорт на стоки, водат до многу сериозни економски последици не само за транспортниот сектор туку и за сите други економски сектори, кои зависат од снабдувањето“ и обично не водат кон решавање на проблемите.

– Подобро е да се седне и да се разговара со институциите, во овој случај со европските институции – ниту Владата во Бугарија ниту која било друга земја членка нема никаква врска со оваа одлука. Затоа е правилно да се седне и да се разговара со европските институции за да се бара заемно корисен компромис. Нема потреба самите земји, Србија и Македонија, нивните економии да страдаат толку колку и нашите економии и со тоа да се казнуваат меѓусебно – рече Караџов.

Укажувајќи дека министрите во европските земји учествуваат во разни формати за прашања поврзани со транспортот, рече дека она што може да го направат е да ја повикаат Европската комисија што побргу да почне преговори со двете земји, а во исто време да ги отвори границите додека не се најде решение. Бугарија, како што вели, нема право да донесува такви одлуки.

Караџов додаде дека ќе иницира до своите колеги да се отворат „прозорци“ на границите во Србија и Македонија, но посочи дека таква опција тешко ќе се постигне.

Товарниот сообраќај во регионот од вчера е во прекин на граничните премини кон шенген-зоната поради блокадите на камионските превозници, кои бараат да се промени правилото на ЕУ за електронска евиденција за престој во шенген-зоната во согласност со правилото 90/180 дена.

Најнови вести од: Регион

Грчките археолози не го даваат „за џабе“ Самоил на Бугарија

Претседателот на Здружението на грчки археолози, Јанис Карлиампас, вели дека „ова е… еднострана размена, а реликвиите што треба да ги добиеме назад (од Бугарија) се резултат на грабеж и мора да бидат вратени во целост…

„Политико“: Брисел му нуди на Скопје „добредодојдовте во чекалницата!“, но Муцунски бара „многу понапредна позиција отколку сега“!

„Од Брисел порака: ‘Добредојдовте во чекалната’! Тоа ги вклучува Косово и Македонија, обете на распоредот на Урсула фон дер Лаен , заедно со фаворитите Албанија и Црна Гора. По ова предизвикот за Лаен е да ги убеди дека Брисел не создава кандидати за ЕУ втор ред.“ – објави денес европскиот аналитички магазин „Политико“ во својата анализа со наслов „Западниот Балкан надежно ги застапува своите ставови“. Од друга страна, информативната агенција „Нетпрес“ јавува дека „ЕУ нуди ограничен пристап до заедничкиот пазар на земјите-кандидатки, ако се против Русија и Кина“!

To top