Регион

Централната банка на Албанија ги зголеми девизните резерви на 6,7 милијарди евра на крајот на јуни

Централната банка на Албанија продолжи да ги зголемува девизните резерви во текот на првата половина од 2025 година. Според статистиката на Банката, на крајот на јуни, девизните резерви на земјата се зголемиле на 6,7 милијарди евра, или 7,4 отсто повеќе споредено со истиот период минатата година. Девизните резерви на земјата се управувани од Банката и […]

Централната банка на Албанија продолжи да ги зголемува девизните резерви во текот на првата половина од 2025 година.

Според статистиката на Банката, на крајот на јуни, девизните резерви на земјата се зголемиле на 6,7 милијарди евра, или 7,4 отсто повеќе споредено со истиот период минатата година.

Девизните резерви на земјата се управувани од Банката и најчесто се чуваат како „должнички хартии од вредност и депозити”.

„На крајот од првата половина од годината, должничките хартии од вредност сочинуваа приближно 73 отсто од средствата, додека готовинските депозити учествуваат со 18 отсто. Остатокот од резервите е инвестиран во злато и специјални права на повлекување (SDR) кај Меѓународниот монетарен фонд, објави АТА.

За 2025 година, Банката на Австралија планира да купи вкупно 270 до 350 милиони евра на домашниот девизен пазар преку јавно наддавање.

Најнови вести од: Регион

Иран ѝ се закани на Бугарија дека ќе ја нападне, оти е „агресија тоа што САД користи нејзини воени бази“!

Техеран денеска повторно ја предупреди Бугарија, која е членка на НАТО, да не дозволува користење на нејзината територија за израелски или американски воени операции против Иран и ѝ порача дека го задржува правото да го нападне изворот на каков било напад.

„Сан“: Албанците најбројни странци во британските затвори – сега ги има 940, главно дилери на кокаин

Во последните три години само 13 албански затвореници се префрлени од британските во албанските затвори, за да продолжат да ги издржуваат своите казни, иако договорено било префрлање 200 лица.

To top