Регион

Црна Гора сепак ги затвора сите пет поглавја во преговорите со ЕУ

Вратата е отворена по директниот разговор меѓу црногорскиот премиер Милојко Спајиќ и францускиот претседател Емануел Макрон

 

Црна Гора сепак ќе затвори пет поглавја во преговорите со Европската Унија (ЕУ) на Меѓувладината конференција на 16 декември, бидејќи Франција, по дипломатска активност на државниот врв, одлучи да не го блокира затворањето на две поглавја, објавија медиумите во Подгорица синоќа.

Вратата е отворена за Црна Гора да затвори пет поглавја од преговорите по директен разговор меѓу премиерот Милојко Спајиќ и францускиот претседател Емануел Макрон, објавија медиуми

Покрај средбата со Макрон, според медиумот, Спајиќ разговарал и со германскиот канцелар Фридрих Мерц, со министри од повеќето членки на ЕУ и со европската администрација.

Црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ му пишал на францускиот претседател Емануел Макрон, барајќи политичка поддршка за затворање на сите пет поглавја, објави Вијести.

Премиерот Спајиќ, како што е најавено, ќе отпатува во Брисел на 16 декември, каде што ќе разговара со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на прес-конференција по свечената церемонија на затворање на поглавјата.

На Меѓувладината конференција, Црна Гора ќе ги затвори поглавјата 3 – Право на основање и слобода на обезбедување услуги, 4 – Слободно движење на капиталот, 6 – Закон за трговски друштва, како и поглавјата 11 – Земјоделство и рурален развој и 13 – Рибарство.

Во петокот, Франција, без претходни најави или навестувања, ја спречи Подгорица да затвори две поглавја во преговорите со Брисел.

Најнови вести од: Регион

И македонски полицајци ќе обезбедуваат мирна туристичка сезона во Албанија

Албанската државна полиција ќе ангажира 1.600 дополнителни полицајци, вклучувајќи и колеги од Македонија, од Црна Гора, од Косово и од Италија, за да се зголеми безбедноста за време на летната туристичка сезона, објави „Коха јоне“

Еди Рама: Што бараат Албанци од Тетово на протести во Тирана

Албанскиот премиер Рама ги критикуваше организаторите на протестите што се одржаа синоќа во Тирана, кои, според него, донеле Албанци од Приштина и од Тетово на протестите, а учесниците ги нарече „жртви на политички каравани“

Бугарија одобрила извоз на шпионски софтвер и опрема за странски разузнавачки служби

Human Rights Watch предупредува дека лиценците се „јасен доказ“ дека Бугарија одобрува извоз на технологија за следење кон земји со долга историја на злоупотреба на таква опрема за кршење на човекови права

To top