Регион

Драматични сцени од Белград:Поплавени улици, грмотевици и сообраќаен застој(ВИДЕО)

Во Белград цела вечер се очекуваат дожд и грмотевици

Силно невреме денеска попладне го зафати Белград, при што обилниот дожд за кратко време ги поплави повеќе улици во центарот на главниот град и предизвика сериозен застој во сообраќајот.

Особено драматични сцени се одвиваа на автопатот, во близина на исклучувањето за центарот, каде што голема количина вода создаде буица и еден автомобил остана заглавен во поплавениот дел од коловозот.

Според метеоролошките прогнози, се очекуваат обилни врнежи на поширока територија низ Србија. На одредени локации може да наврнат од 30 до 50 милиметри дожд, а на места и повеќе.

Невремето ќе зафати регион што се протега од јужна Бачка, Срем и западна Србија, преку Белград, Шумадија и Поморавље, како и централен и јужен Банат, па сè до источните делови на земјата.

Ниту главниот град нема да биде поштеден. Во Белград во текот на целата вечер се очекуваат дожд и грмотевици, а во одредени делови од градот можни се и уште посилни поројни врнежи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nova.rs (@nova.rs_portal)

Најнови вести од: Регион

Мосад им доставил информации на Грција и Македонија за иранската мрежа, што подготвувала обид за атентат во Грција

Израелската агенција за надворешно разузнавање Мосад им доставила информации на Грција и Македонија за мрежата поврзана со Иран, што наводно подготвувала обид за атентат во Грција, објави израелскиот портал Ynet, повикувајќи се на свои извори.

Главниот дел од истрагата за разоткривањето на иранската мрежа го воделе безбедносните служби на Македонија

30-годишен македонски државјанин, кој бил прогласен за непожелен од безбедносни причини во Грција бил уапсен на крајот на октомври со автомобил со македонски регистарски таблички се обидел да ја напушти Грција и да влезе во Турција преку копнениот граничен премин во областа Еврос

Ива Михајлова: „Јави ми се веднаш, зашто сите ќе умреме уште вечерва“(ВИДЕО)

Ова била една од пораките што јутјуберот Цанов ги добил од Михајлова само неколку минути откако тој го објавил првото видео, во кое Ива зборуваше за наводен притисок од безбедносните служби во Бугарија

To top