Регион

Евроњуз: Црна Гора би можела да стане членка на ЕУ до 2028 година

Министерката за европски прашања Мајда Горчевиќ изјави дека нејзината земја го финишира 14-годишниот маратон

Црна Гора би можела да стане членка на Европската Унија до 2028 година, по 14 години од почетокот на преговорите, објави Евроњуз.

На состанокот на Заедничкиот консултативен комитет во Подгорица, министерката за европски прашања Мајда Горчевиќ изјави дека, заедно со затворањето на преговарачките поглавја, подготовката на договорот за пристапување означува „влегување во последниот дел од 14-годишниот маратон на патот кон ЕУ“.

Според неа, ова е всушност последната фаза од процесот на преговори, а пристапувањето кон Европската унија е планирано за 2028 година.

Претходно, ЕУ изјави дека пристапувањето на Украина кон ЕУ во 2027 година е нереално.

Најнови вести од: Регион

Словенија се откажува од „деветолетката“, по лошите податоци од ПИСА

Дури 40 проценти од учениците наведуваат дека нивните врсници на часовите не ги слушаат наставниците, 22 проценти истакнуваат дека дигиталните уреди зачестено ги попречуваат во следењето на наставата, додека 48 проценти од учениците користат алатки за вештачка интелигенција за изработка на училишните задачи.

„Корча плус“: Општина Пустец заборавена и во беда, жителите бараат конкретни инвестиции!

Жителите на Пустец со години чекаат подобра инфраструктура. Иако Преспа има огромен природен и туристички потенцијал, состојбата со патиштата и понатаму останува еден од најголемите проблеми за локалното население, објави албанскиот медиум „Корча плус“, пренесува весникот „Илинден”.

Шефовите на ЕУ со осуда за Србија за погребот на воениот злосторник Младиќ на кој присуствуваа и државници

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, денеска остро реагираа на присуството на високи српски функционери и елементите на официјална поддршка на погребот на осудениот воен злосторник Ратко Младиќ во Белград.

To top