Регион

Физички напад пред избирачкото место во Панчево (ВИДЕО)

Снимката од нападот кружи на социјалните мрежи

Група маскирани мажи во црна облека денеска физички нападна неколку млади луѓе пред избирачкото место во Земјоделското училиште во Панчево, Србија. Инцидентот се случи на денот на предвремените парламентарни избори во земјата.

Според локалниот портал „Панчево сити“, на снимка објавена на социјалните мрежи јасно се гледа како група мажи со качулки и маски на лицата ги напаѓаат младите на улицата пред училиштето. Едно од момчињата се здобило со повреда на лицето, кое му било раскрвавено од ударот.

Полицијата излегла на местото на настанот откако дознала за инцидентот од медиумите. Според информациите на Н1, самиот напад не бил пријавен од граѓаните.

Во Србија денеска се одржуваат предвремени парламентарни избори, а на повеќе избирачки места се регистрирани неправилности и инциденти. Според податоците на Центарот за слободни избори и демократија (ЦеСИД), до 11 часот биле забележани 120 неправилности.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pančevo Si Ti (@pancevo.city)

Најнови вести од: Регион

Најава за големи демонстрации во Албанија за 28 и 29 ноември 2026! Вчера палени контејнери, Рама маван со јајца, кршена вратата на Парламентот!

Студентското движење и незадоволните граѓани продолжуваат со редовни протести пред Министерството за образование и пред Владата во Тирана, барајќи оставка од премиерот Еди Рама и промени во власта. Вчера за време на протестот во Тирана, дојде до инциденти со палење контејнери, по што полицијата уапси три лица, поведе постапки против уште 18 и изрече 44 парични казни. Организаторите го најавуваат следниот голем бран на демонстрации за празничниот викенд на 28 и 29 ноември, кога се очекува пристигнување на албанската дијаспора во Тирана за масовен марш.

Најдовски: Како книгата „Егејци“ на Кица Колбе, стана „подобна“ во Грција?

Откако јавно и гласно ја поддржа политиката на Заев и Преспанскиот договор, а потоа стана и дел од Комисијата за ревизија на историјата со Грција, книгата е добредојдена кај јуќниот сосед

To top