Регион

Глаук Коњуфца ќе се обиде да формира влада во Косово по неуспешниот обид на Албин Курти

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, му го довери мандатот за составување нова влада на Глаук Коњуфца, заменик-претседател на владејачкото движење „Самоопределување“ (LVV).

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, му го довери мандатот за составување нова влада на Глаук Коњуфца, заменик-претседател на владејачкото движење „Самоопределување“ (LVV).

Коњуфца е вториот кандидат на LVV за премиер по неуспехот на актуелниот лидер Албин Курти, кој на 26 октомври не собра доволно гласови за влада. Коњуфца, поранешен претседател на Собранието, беше номиниран вчера; претседателката Османи го прифати предлогот и истиот ден му го врачи мандатот.

„За време на консултациите со политичките партии станало јасно дека ниту една друга партија, освен ‘Самоопределување’, не е подготвена да предложи мандатар“, изјави Османи.

Косово тоне во криза од изборите на 9 февруари, кога никој не освои 61 пратеник во 120-члениот парламент. Месеци не можеше да се избере спикер, па Собранието беше парализирано. Едвај на 26 август, по 57 неуспешни гласања, за претседател на парламентот беше избран Демаљ Баља од LVV. Во октомври беше избран и петтиот потпретседател од српската заедница, со што собранието конечно профункционира.

Коњуфца има 15 дена да ја претстави програмата и составот на владата. Ако не добие доверба, Косово оди на нови предвремени избори.

Најнови вести од: Регион

Секој десетти работник во Грција живее во ризик од сиромаштија

Според најновиот извештај „Клучни бројки за европските услови за живот 2025“, објавен од Европската комисија, дури 8,2 проценти од вработените граѓани на ЕУ во 2024 година биле изложени на ризик од сиромаштија, и покрај тоа што имале работа.

Во Грција започнува со работа нов рудник за злато – инвестиција тешка една милијарда долари

Инвестицијата изнесува 1 милијарда долари и до сега се завршени околу 70% од изградбата на рудникот. Од компанијата додаваат дека се работи за комбиниран рудник со затворен и површински коп, фокусиран на злато и бакар, односно ресурси кои се клучни за новата економија: златото како заштита од инфлација и несигурност, а бакарот за енергетската транзиција и електрификацијата.

To top