Свет

Песков: Не сакаме оружје произведено во Србија да се користи против нашите војници

Русија разбира дека се врши невиден притисок врз Србија, вели портпаролот на Кремљ

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ја коментираше изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ дека Србија е подготвена да продава муниција на Европската Унија, без оглед каде подоцна ќе заврши, пренесува РИА Новости.

„Русија разбира дека се врши невиден притисок врз Србија“, рече Песков.

„Ние го разбираме невидениот притисок што се врши врз Србите. Значи, приказната таму воопшто не е лесна. Ги разбираме тешкотиите со кои се соочуваат Србите“, одговори Песков на барањето да коментира за изјавата на Вучиќ дека републиката е подготвена да продава муниција на ЕУ.

„Последно што сакаме е оружјето произведено во нашата братска Србија да се користи против нашите војници. Тоа е последното што сакаме да го видиме“,изјави Песков за руските новинари.

Српскиот лидер Александар Вучиќ претходно за германскиот магазин „Цицеро“ изјави дека складиштата на српската армија се преполни, особено со минофрлачки гранати, и отворено кажа дека купувачите од Европа „ќе можат да прават со муницијата што сакаат“.

Во мај годинава, руската надворешна разузнавачка служба изрази „длабока болка“ поради тоа што Србија, како што тврдат, го снабдува Киев со оружје. По тие обвинувања, Вучиќ најави дека ќе го суспендира извозот на муниција.

 

Најнови вести од: Свет

Израелската војска го зазеде стратешкиот замок Бофор во Либан: Хезболах ветува жесток отпор

Израелската армија соопшти дека ја презела контролата врз стратешки важниот замок Бофор во јужен Либан, што претставува најдлабок воен продор на либанска територија во изминатите 25 години.

Бардела: Нашите европски партнери треба да престанат да купуваат американски „Ф-35“ и да почнат да купуваат „Рафал“

Бардела нагласува дека Франција треба да остане верна на нуклеарната доктрина развиена од поранешниот претседател Шарл де Гол, според која „виталните интереси на Франција не завршуваат на нејзините граници“.

Две третини од увозот на течен природен гас во Европа доаѓа од САД

Увозот на течен природен гас од САД е обично поскап од гасот што се испорачува преку цевковод, а заменувањето на зависноста од рускиот гас со голема зависност од друг единствен снабдувач би можело да ја изложи Европа на идна политичка и пазарна нестабилност

To top