Регион

Над 360.000 Косовци со дозволи за престој во ЕУ во последните 10 години

Во последните десет години, повеќе од 360.000 граѓани на Косово добиле дозвола за престој во земјите на Европската унија

Во последните десет години, повеќе од 360.000 граѓани на Косово добиле дозвола за престој во земјите на Европската унија, според најновите податоци на Евростат, статистичкиот завод на ЕУ, пренесуваат косовските медиуми. Само во периодот од 2020 до 2024 година, за време на мандатот на премиерот Албин Курти, над 210.000 косовски граѓани добиле државјанство во некоја европска земја.

Во 2024 година, државјанство во ЕУ добиле 38.770 жители на Косово, во 2023 година 48.937, во 2022 година 46.965, а во 2021 година 43.636. Овие податоци не ги опфаќаат оние кои нелегално престојуваат во земјите на ЕУ, ниту пак емигрантите во Велика Британија, САД или Канада. Од 2015 до 2024 година, вкупно 360.000 косовски граѓани првпат добиле дозвола за престој во некоја од земјите членки на Европската унија.

Од српското население на Косово, ситуацијата е особено тешка – според изјавата на Даниела Николиќ, претседателка на собранискиот Одбор за Косово и Метохија, дури 20 проценти од Србите го напуштиле Косово во последната година. Таа како причини ги наведе систематскиот притисок, институционалната дискриминација и безбедносните закани од владата на Албин Курти.

Најнови вести од: Регион

Брнабиќ: Претседателските избори ќе ги распишеме до 27 ноември

Потпретседателката на Главниот одбор на Српската напредна странка (СНС), Ана Брнабиќ, се обрати од зградата на Претседателството на Србија, во својство на вршител на должноста претседател на Република Србија.

Пак тепачка во албанскиот парламент: пратеници запалија сигнални ракети, му исклучија микрофон на Бериша, кој се закани со „кршење глави на криминалците од власта“!

Пратеници од албанската опозиција утрово ја прекинаа седницата на парламентот со активирање сигнални ракети, по неколкунеделните насилни антивладини протести што ги организираат студентите, барајќи оставка од премиерот Еди Рама.

To top