Регион

Грција ќе ја штити Бугарија од балистичките проектили на Иран!

Грчкиот министер за одбрана, Никос Дендиас, во петокот објави распоредување на системи „Патриот“ во северна Грција, за да ѝ обезбеди на Бугарија „антибалистичка заштита од Иран“. Дендиас објави дека батерија „Патриот“ ќе биде преместена на северот на земјата „во наредните часови“. Два грчки авиона „Ф 16“ веќе се преместени во северна Грција со „ексклузивна задача да обезбедат дополнителна заштита на Бугарија“, нагласи грчкиот министер.

„Имав уште еден разговор со мојот бугарски колега Атанас Запрјанов и го информирав дека Грција ќе ѝ даде секаква можна помош на Бугарија, за да ја заштити од балистичка закана од Иран“, напиша Дендијас на платформата икс. За време на телефонскиот разговор двајцата министри разговарале и за „зголемување на нивото на подготвеност на системот за противвоздушна одбрана вдолж југоисточниот дел“ на Алијансата, што претходно го објави и НАТО, според соопштението на бугарското Министерство за одбрана објавено во петокот.

Бугарските власти ја засилија безбедноста во американските и израелските објекти во земјата поради ситуацијата на Блискиот Исток.  Во понеделникот Дендиас изјави дека Грција ќе ја поддржи одбраната на Кипар „со сите можни средства“. Во среда, Грција ги испрати авионите „Ф 16“ стационирани на Кипар поради извештаи за сомнителен објект во близина на либанскиот воздушен простор. Во четвртокот, Атина распореди и ракети „Патриот“ на островот Карпатос, кој е дел од Додеканеските острови, во близина на турскиот брег, а од почетокот на новата војна на Блискиот исток, Грција испрати две фрегати и четири авиони „Ф 16“ на Кипар.

Најнови вести од: Регион

Вучиќ: За три-четири месеци ќе има избори во Србија, можеби и двојни

Александар Вучиќ, претседателот на Србија зборуваше за најавеното заминување од функцијата. Тој истакна задоволство од сработеното, но во исто време рече дека чувствува и страв, и надеж за иднината на државата.

Бугарија во потрага по земјата која им ја блокира бугарската монета од 2 евра

Досега, Бугарија постојано го користеше неутралниот термин „кирилица“ во својата официјална комуникација со ЕУ, во проектите за евромонети и во меѓународните документи, но ненадејното нагласување на покатегоричниoт термин „бугарска азбука“

Вучиќ: Наскоро поднесувам оставка, размислувам за кандидатура за премиер

За три, четири месеци, можеби и порано ќе поднесам оставка. Тоа попладнево за Радио Белград го изјави српскиот претседател Александар Вучиќ и додаде дека на 27 јуни ќе биде претставена листата на владејачката СНС за претстојните парламентарни избори

To top