Регион

Хајредини: Али му честиташе на Еди – за „криењето“ на Артан

Ахмети со поддршка на европска Албанија, особено во криењето на Артан Груби во „албански простори“

Поранешниот министер и политички коментатор, Џевдет Хајредини, добро познат на јавноста по нему својствените коментари на актуелни теми, уште еднаш „го отвора“ прашањето за тоа каде се крие бегалецот, поранешен прв вицепремиер Артан Груби.

Хајредини за тоа се осврнува на честитката од лидерот на ДУИ Али Ахмети до албанскиот премиер Еди Рама за отворањето на кластерите и забрзаниот пат на Албанија кон ЕУ, но не пропушта да го постави горливото прашање:

„Ахмети му честита на Рама: Имате наша поддршка, во поддршка на европска Албанија

xxx

Особено во криењето на Артан Груби во „албански простори“.- саркастично додава Хајредини во објава на Фејсбук.

Најнови вести од: Регион

„Кауфланд“ казнет со рекордни 76 милиони евра во Бугарија – вршел притисок врз сите, компанијата се заканува со стопирање на инвестициите

Одлуката следува по повеќемесечно истражување на пазарот на храна, кое бугарскиот регулатор го започнал во јуни 2025 година, со посебен фокус на цените, трговските маржи и договорните односи меѓу големите синџири и производителите.

To top