Регион

Хрватска се усогласува со ЕУ: Mинимална плата од 1.050 евра

Хрватскиот министер за труд, пензиски систем, семејство и социјална политика, Марин Пилетиќ, најави дека Владата во петок ќе донесе одлука за износот на минималната плата за 2026 година

Хрватскиот министер за труд, пензиски систем, семејство и социјална политика, Марин Пилетиќ, најави дека Владата во петок ќе донесе одлука за износот на минималната плата за 2026 година. Оваа одлука доаѓа во контекст на континуираниот раст на платите во земјата, потпомнат од економските реформи и зголемувањето на платите во јавниот сектор.

„Нашиот предлог ќе биде дека сегашните 970, минималната плата следната година ќе биде 1.050 евра. Значи, тоа е зголемување од малку повеќе од 8 проценти за 2026 година“, истакна Пилетиќ.

Министерот ја пофали хрватската економија како главен двигател на растот на платите. „Хрватската економија заслужува раст на просечната плата во Хрватска. Ако Владата, преку своите реформи и зголемувањето на платите во државниот и јавниот сектор, придонесе за ова како најголем работодавач, ние сме уште позадоволни“, рече тој.

Пилетиќ нагласи дека минималната плата мора да се усогласува со европските стандарди, каде што таа треба да изнесува 50% од просечната бруто плата или 60% од медијаната. „Кога ја земаме предвид просечната минимална плата како дел од просечната плата, мора да се придржуваме до стандардот што го наметнува Европа како најразвиено општество, а тоа е дека за просечната бруто плата, соодветната минимална плата треба да биде 50 проценти, или ако ја земеме медијаната, тогаш минималната плата треба да биде 60 проценти“, продолжи министерот.

Тој додаде дека луѓето треба да живеат соодветно и достоинствено од работа и плати, нагласувајќи дека ова зголемување е дел од пошироката стратегија за подобрување на животниот стандард. Според официјалните прогнози, минималната плата треба да достигне 1.250 евра до крајот на мандатот на Владата во 2028 година.

Најнови вести од: Регион

И Македонија во игра, екс претседател на земја членка советува како ЕУ да стане велесила

Борут Пахор е словенечки политичар кој беше претседател на државата од 2012 до 2022 година. Претходно ја извршуваше функцијата премиер и претседател на парламентот, а важи за искусен дипломат и силен поддржувач на европската интеграција на регионот.

To top