Регион

Јотова: Наскоро ке заврши сагата со ОМО „Илинден“

Изјава по средбата со генералниот секретар на Советот на Европа во Стразбур

Пресудите на Европскиот суд за човекови права во полза на Обединетата македонска организација „Илинден“ биле една од трите теми на вчерашната средба во Стразбур на бугарската претседателка Илијана Јотова со генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе.

– Втората тема беше, се разбира за движењето на досието ОМО „Илинден“ и многу се надеваме дека на една од наредните седници таа сага ќе заврши. Се разбира, го потцртав бугарскиот став, за да чуе тој (Берсе) од прва рака, дека ние сме ги спровеле сите нивни препораки до овој момент. Го променивме законот заедно со Агенцијата за регистрација, за да можат таму да се регистрираат. За жал, тие секојпат пропуштаат по некој документ – изјави Јотова пред новинарите во Стразбур.

– Оваа тема исклучително многу се користи против Бугарија, се обидуваат да вклучат и текстови во резолуцијата за напредокот на Република Македонија, кога станува збор за евентуални спорови со Бугарија. Ние го негираме тоа, прво, зошто нема билатерален спор, тие, едноставно, не ја почитуваат политиката на Францускиот компромис што беше постигнат – додаде таа.

– Од друга страна, треба да ни биде јасно дека овие тековни досиеја треба да бидат завршени, зошто тоа не е добро за сликата на земјата – заклучи Јотова.

Европскиот суд за човекови права во повеќе наврати утврдуваше повреди на правото на слобода на здружување и мирно собирање во случаите поврзани со ОМО „Илинден“ и ОМО „Илинден“-Пирин. Меѓу позначајните се пресудите од 2005 и 2006 година, како и серијата од 2011 година, кога Судот утврди дека бугарските власти неоправдано одбивале регистрација на здружението и забранувале собири на неговите симпатизери.

Во 2017 година, во предметот „ОМО Илинден и други против Бугарија (бр. 3)“, Судот повторно утврди повреда на членот 11 од Конвенцијата поради одбивањето на регистрацијата. Сепак, пресудите не доведоа до трајна регистрација на организацијата – и по нив бугарските судови во одделни постапки повторно одбиваа регистрација, па спорот за статусот на ОМО „Илинден“ продолжи.

Најнови вести од: Регион

За грчки пратеник Скопје е непостоечка држава населена со Албанци и Бугари (ВИДЕО)

Во видеото монтира и карта на која територијата на Македонија е означена како „Вардарска“, како и натписот „Бугарско-албанска“, со што се оспоруваат македонскиот национален идентитет и државноста

Куп нови правила за летање со авион во ЕУ од 2027 – Што сè се менува?!

ЕУ ги реформира правата на патниците во воздушниот сообраќај. Од овие промени корист треба да имаат семејствата и лицата со попреченост. Но, во други области патниците ги очекуваат и одредени влошувања на условите.

Полицијата се судри со демонстранти во Приштина, 17 повредени (ВИДЕО)

Демонстрантите, во еден момент почнале да фрлаат пиротехнички средства кон зградата на парламентот и да палат контејнери, на што полицијата возвратила со солзавец со цел да ја потисне толпата и да ја смири ситуацијата

Божиновска на министерски самит за енергетика во Белград

Средбата на која со свои делегации ќе бидат и министрите за енергетика на Србија, Грција и Бугарија, е продолжение на првиот министерски самит што се одржа во Атина на 15 мај годинава, кога четирите земји се согласија дека енергетската сигурност, стабилноста и отпорноста на системите не можат веќе да се гледаат само како национални, туку и како заеднички регионални приоритети

To top