Регион

Косово му се налути на Зеленски, украинското знаме тргнато од зграда во Приштина

Пораката од претседателот на Украина од Белград дека не го менуваат ставот за непризнавање на Косово дочекана со бес

Потврдата од украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на посетата на Белград дека неговата земја не го менува ставот за непризнавање на Косово ѝ го крена притисокот на косовската јавност, а првата конкретна реакција е отстранувањето на знамето на Украина од фасадата на зграда во центарот на Приштина.

„Државата Косово мора да се почитува Кога Косово не се почитува, главниот град Приштина одговара!
Нашата емпатија и солидарност секогаш ќе бидат со народите кои се соочуваат со војна, насилство и прогон. Бидејќи ние, подобро од многу други, знаеме што значи да се бориш за слобода, достоинство и право на постоење како држава.
Но, ниедна кауза и ниедна политика не може да се гради со омаловажување на државноста на Косово и жртвата на неговиот народ“, објави на Фејсбук приштинскиот градоначалник Перпарим Рама заедно со видео од симнувањето на огромното украинско знаме.

Косово застана на украинска страна од самиот почеток на руските напади врз Украина, изразувајќи солидарност и поддршка за Киев и критики за Москва, но изјавата на Зеленски среде Белград го смени односот на Приштина.

Најнови вести од: Регион

Пак тепачка во албанскиот парламент: пратеници запалија сигнални ракети, му исклучија микрофон на Бериша, кој се закани со „кршење глави на криминалците од власта“!

Пратеници од албанската опозиција утрово ја прекинаа седницата на парламентот со активирање сигнални ракети, по неколкунеделните насилни антивладини протести што ги организираат студентите, барајќи оставка од премиерот Еди Рама.

To top